„Подобро парк Груевски отколку премиер“, е пораката која вчера граѓанските иницијативи „Авангарда“ и „Кислород“ ја упатија на собирот спроти Бристол, по најавите дека таму е планирана зграда за Советот за радио дифузија.
Иронично паркот го добил името како благодарност до Премиерот, за кој велат, се надеваат дека нема да го уништи паркот кој го носи неговото име.
На локацијата беа поставени и шатори со цел граѓаните да чуваат стража за да не се повтори настанот од соседниот парк каде дрвјата беа отстранети преку ноќ, во 3 часот наутро.