Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подводни градови: 7 подводни светски чуда

26
By Нова ТВ on April 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потонати под море од земјотреси или намерно поплавени за да се создадат брани, антички и современи градови ѕиркаат под површината на водата насекаде низ светот. Некои од нив како Александрија во Египет, претставуваат едни од најзначајните археолошки откритија во поновата историја, додека други имаат помистериозно потекло.

Останува загатката на овие 7 подводни градови за оние кои можат и имаат услови да пливаат низ нивните улици во костими за нуркање.

1. Александрија, Египет

Александрија ја сметаат за еден од најбогатите археолошки локалитети во светот. Градот најверојатно бил потонат од земјотрес. Историчарите имаат пронајдено списи, сфинги, статуи, храмови и темели на палата која најверојатно припаѓала на Клеопатра. Пронаоѓањето на големи камени монументи и секојдневни објекти помагаат да се отслика животот во градот опишан пред повеќе од 2000 години од грчки географи и историчари.

2. Павлопетри, Грција

Се верува дека градот потонал поради серија на земјотреси околу 1000 година пред нашата ера. Павлопетри е најстариот подводен археолошки локалитет во светот. За разлика од други подводни наоѓалишта , кои се нецелосни или е тешко да се верификува нивната автентичност , Павлопетри има целосен градски план, вклучувајќи улици, архитектура и гробници. Се состои од околу 15 градби, потонати на 10-13 стапки длабочина.

3. Порт Ројал, Јамајка

Мирното море го има стишено еден од најозогласените градови во светот според оние кои поминале од таму во времето кога бил омилен пиратски град за забава. Порт Ројал, Јамајка бил познат по алкохолот, проститутките, и целовечерните забави. Како еден од најголемите европски градови во новиот свет, бил дом и на многу богати сопственици на плантажи. Бил уништен од земјотрес со сила од 7.5 степени во јуни 1692, поради кој и потонал и со себе повлекол околу 2000 луѓе.

4. Дварка, Камбај залив, Индија

Може ли овие геометриски поставени урнатини во Индискиот залив Камбај да се изгубениот град на Кришна? Многи Индици веруваат дека се, посочувајќи го градот Дварка како важно место за аџилак. Урнатините се наоѓаат до брегот на денешна Дварка , еден од седумте најстари градови во Индија. Античкиот град Дварка бил планиран град, изграден на реката Гомати, но евентуално бил напуштен и поплавен од морето, како што е документирано во еповите Махабхарата и Пурана, иако има некои експерти кои веруваат дека бил само мит.

5. Пирамидите на Јонагуни-Џима, Јапонија


Еспертите сеуште не можат да се договорат околу тоа дали Јонагуни-Џима, чудна геометриска формација која се наоѓа до брегот на Рујуко островите во Јапонија, е природна или направена од човек. Но гледајќи ги фотографиите на камената форма, која е исечена на триаголници на некои места, тешко е да се претпостави дека е дело на природата. Ако оваа структура е навистина изградена од човек, тогаш времето на градба би било за време на последното ледено доба, околу 10 000 години пред нашата ера, кога нивото на морето било 130 стапки повисоко отколку што е сега.

6. Загубените села на Онтари, Канада

Иако античкити подводни урнатини добиваат поголемо внимание, не се единствените подводни траги на цивилизација низ светот. Во поскоро време, многу градови биле намерно поплавувани за создавање на вештачки езера или пренасочување на реки. Десет заедници во Канадската провонција Онтарио сега се потполно потонати под реката Сент Лоренс, по креацијата на речниот пат на истата во 1958. Овие „Изгубени села на Онтарио“ се најверојатно најзачуваните подводни урбани површини каде сеуште може да се видат целосни тротоари и зради.

7. Лион сити, Кина

Можеби Кинескиот подводен град Лион сити е најспектакуларната подводна урнатина во светот се додека не се открие поголем дел од Александрија. Се наоѓа околу 85-131 стапка под површината на езерото Квандао, во област која била намерно поплавена во 1950 за да се создаде брана. Лион сити бил изграден за време на Источната Хен династија (25-200 CE) и зафаќа површина од околу 62 фудбалски игралишта. Не е јасно зошто кинеската влада поплавила толку спектакуларно историско наоѓалиште.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.