Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Погрешен „Ден на македонската дипломатија“?

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Останувам и денес на кажаното: делото на партизанската генерација е она на што стоиме или паѓаме.

Денко Малески

Вчера ме изненади еден странски амбасадор акредитиран во Скопје кој телефонски ми го честита Денот на македонската дипломатија. Се насмеавме зашто јас и не знаев ништо за таков ден – кога е прогласен, од кого и зошто токму 29 април. Потоа прочитав дека на тој ден, во 1969 година, било формирано Биро за односи со странство во Социјалистичка Република Македонија, дел од СФРЈ. Но, тогаш не постоеше македонска дипломатија туку само југословенска дипломатија во која беа претствени републиките со свои кадри.Слоганот на таа генерација беше:„Нема Македонија без Југославија ниту Југославија без Македонија“.

Серија истакнати имиња од областа на политиката и на културата на Македонија беа југословенски дипломати: Лазар Мојсов, Коле Чашуле, Димче Беловски, Ацо Шопов, Илија Топаловски, Владо Малески и редица други. Но, сите тие беа југословенски амбасадори. Вистина, почетоците на некаква самостојност во меѓународните односи почнаа да се манифестираат и тогаш но, само во областа на културата каде републиките имаа простор за афирмација на сопствената култура во странство. Значи, републиките од федерацијата немаа своја дипломатија. Постоеше само југословенската дипломатија.

Инсистирањето на фактот дека партизанската генерација е заслужна за создавањето на македонската држава на заседанието на АСНОМ во 1944 и дека наша задача во 1991 беше да ја сочуваме и унапредиме таа држава, ми донесе лош глас меѓу македонските националисти на времето. За нив немаш ништо претходно, се почнуваше од нив. Останувам и денес на кажаното: делото на партизанската генерација е она на што стоиме или паѓаме. За среќа, темелите на таа државност беа доволно силини за да одолеат на турбулентното распаѓање на југословенската федерација на почетокот од деведесеттите. Но, дури тогаш, со прогласувањето на македонската независност, почна да се создава македонската дипломатија составена од некогашни југословенски на кои им се придружија идните помлади македонски дипломати.

Многу исклучителни датуми можат да се најдат во тие први години на независноста со кои би се обележал Денот на МНР или на македонската дипломатија. Патот кон создавање на дипломатијата на независната држава Република Македонија, водеше преку Конференцијата за Југославија која ја организираа големите западни сили, одлуката на нејзината Арбитражна комисија дека само Македонија и Словенија заслужуваат на почетокот од 1992 да бидат признаени од ЕЗ, па до приемот во ОН.

Внатре, во некогашната Комисја за односи со странство на Македонија, која беше „чекална“ за заминување во југословенската дипломатија, почнаа да се прават првите чекори кон организирање на министерство за надворешни работи: првиот факс поставен во просториите, првата дипломатска кореспонденција преку Конференцијата за Југославија, првите телефонски разговори со странски амбасади во Белград, цртање на хартија шеми за идната внатрешна организација на МНР по углед на малите европски држави, создавање на сектори и одделенија…

Почетоците на една самостојна македонска дипломатија беа тешки и неизвесни, а создавањето на Биро за односи со странство во моќната регионална балканска сила Југославија во 1969 било многу, многу лесно. Со сета почит кон денот, МНР и владата одбрале погрешен ден за прослава. Како да не го бирале млади луѓе туку група чиновници. Се си мислам: да не има ова врска со партиските политики а не со вистината?

Текстот е сопственост на Либертас.мк

 

Денко Малески колумна партизани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.