Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Покемон – проширена реалност која отвора можност за иновативен пристап

0
By Нова ТВ on July 31, 2016 КОЛУМНА
покемон
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Медиумите се преплавени и со денови се пишува за играта Покемон, пред се преку различни интересни анегдоти кои настанале како резултат на несовесното играње.

„Удрил во дрво додека играл Покемон“, „Бил ограбен од крадци додека бил во потрага по Покемон“, се дел од насловите, сепак, од коментарите на луѓето забележувам дека на многу луѓе се уште не им е јасно од каде лудоста околу овие игри. Затоа, пред се би сакал да го појаснам овој феномен за луѓето на кои не им се јасни разните форми на забава.

Се сеќавате ли кога бевме мали , па игравме “каубојци и индијанци“ во дворот со другите деца или криенка, имаше различни сценарија. Потоа децата ќе се поделеа на улоги , и ќе започнеше играта полна со креативни, имагинативни работи во просторот. Дрвени пиштол или пушки, неизградени куќи беа стази итн .

Сега, замислете како сите овие деца ставиле некои специјални очила преку кои и понатаму нормално се гледа дворот и целиот простор, но некои работи се малку додадени. Така, на пример работите погоре спомнати сега стануваат на некој начин реалност. Сите тие слики кои порано за децата меа имагинација сега се појавуваат како прави објекти во реалниот простор.

Овој принцип се нарекува проширена реалност и не се однесува само на играта. Во случајот со Покемон, се работи за тоа децата а и повозрасните да се движат низ просторот каде што се карактерите од цртаниот филм, само што не се прави преку очила туку благодарение на смарт-телефоните.

Оваа игра прави децата да се движат, да бидат физичи активни и тоа е една од причините зошто играта е толку популарна. За разлика од сите претходни компјутерски игри , каде што главниот контра-аргумент беше „Децата само седат дома и да не одат надвор “, тука  всушност, се движат во основата на играта, исто како фудбалот или брканицата.

Секогаш кога се појавува нешто ново, што во основа го менува светот, веднаш се појавуваат и голем број противници. Така, денес се провлекуваат разни информации за опасностите од оваа игра, и се отвора контроверзност околу тоа дали децата треба да се спречат да ја играат. Меѓутоа , не гледам дека некој иницирал забрана децата да играат фудбал, затоа што некаде некое дете паднало на улица додека трчало по топката . Секако е потребно да се привлече вниманието на децата и да им се посочи да бидат внимателни и да се грижат за себе кога играат било која игра, а не само Покемон.

Но оваа игра покажа дека доаѓаме во една нова ера кога “проширената реалност “ ќе се применува во различни сфери на животот. Образованието е една од нив. Студентите по медицина ќе учат да вршат операции на виртуелна личност со користење на вистински инструменти во вистинска операционата сала. Тоа отвора можности за цела низа на образованието, каде што на студентите ќе им биде многу полесно да научат сами, во практка, каде се прават грешки, и да почнат одново, многу побрзо отколку според книга.

Архитектите, градежниците, инженерите, кои изработуваат различни уреди, и сите луѓе произведуваат некои материјални нешта во реалниот простор, ќе имаат можност подобро да ја завршат својата работа со помош на проширената реалност, затоа што реално ќе го гледаат просторот и процесот на работа.

Да се вратиме на Покемоните. Што ја прави оваа игра толку интересна за многу луѓе кои не се деца? Бидејќи реалниот свет често е здодевен. Покемон ни дава можност повторно да ја најдеме убавината на кејот покрај реката, на патот по кој одиме секој ден и кој ни е досаден. А преку телефонот може, играјќи ја играта може да се видат работи кои пред тоа сме ги занемарувале.

Покемоните ќе заминат во историјата, ќе им помине модата, но сега се важни бидејќи повторно го извадија човекот на улицата и им дава на луѓето широк спектар кој досега беше непознат. Сега во светот на проширената реалност, научниците, уметниците, професорите, инженерите, ќе имаат разни идеи како да го применат истиот принципт за работи кои се многу поважни од самото играње.

Овој различен поглед на играта Покемон го пишува авторот Исток Павловиќ, а оригиналната верзија е објавена на „Политика“.

Покемон смартфон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.