Владата на Хонгконг ја повлече полицијата од градските улици откако продемократските протести се смирија. Владата ги повика демонстрантите мирно да ги напуштат улиците.
Тамошната полиција во текот на викендот со солзавец и пендреци се обиде да ги растера илјадниците демонстранти во градот кои се собираа во знак на отпор кон Пекинг и кинеските власти, во нивната намера да ги ограничат демократските реформи.
Леунг Чуенјинг, првиот човек на раководството во Хонгконг најави дека владата наскоро ќе покрене иницијатива за нови консултации за изборните реформи. Сепак тој не даде временска рамка за консултациите.
Лидерите на движењето „Окупирање на центарот со љубов“ ги повикаа сите да им се придружат на протестите како би извршиле притисок врз Пекинг да дозволи слободни избори во поранешната британска колонија која е вратена под раководство на Кина во 1997 година.