Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поликлиниката „Железара“ доби дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ехо апарат со две сонди

0
By Blerina Tahiri on December 15, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поликлиниката „Железара“ доби нова медицинска опрема. Со средства од Буџетот на Министерството за здравство набавени се дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ехо апарат со две сонди.

– Денеска ја промовираме новата медицинска опрема-дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ехо апарат со две сонди, набавен од буџетот на Министерството за здравство во вредност од околу 14 милиони денари, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Дигиталниот мамограф, како што посочи, претставува најсофистицирана опрема што се користи во сите здравствени установи низ светот и важи за современа метода за скрининг на рак на дојка во рана фаза.

– Со цел навремена дијагностика и рано откривање на рак на дојка, продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, којашто е бесплатна за пациентките. За наредната година се планира зголемување на бројот на кабинети за скрининг на рак на дојка, согласно утврдените правила и протоколи донесени од страна на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка, подвлече министерот за здравство.

Меџити кажа дека има скрининг амбуланта на Торакална хирургија за пациентки кои имаат направено ехо мамографија, биопсија и потврден хистопатолошки наод и истите директно од доктор специјалист радиолог, може да се упатат во амбулантата на Торакална за одредување на термин за операција.

– Досега оваа можност, доктори специјалисти радиолози ја немаа ниту во дијагностички процедури, нагласи Меџити.

Според Меџити, изминатите месеци интензивно се работи на подобрување на јавните здравствени установи низ целата држава со набавка на нова медицинска опрема, подобрување на условите преку реконструкции, зајакнување на кадарот и набавка на лекови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.