Двајца експерти за заразни болести предупредуваат во британската ревија “Лансет” дека е можна појава на полио во Сирија кој потоа ќе се пренесе во Европа.
“Светската здравствена организација (СЗО) потврди појава на најмалку 10 случаи на полио во Сирија каде што е опадната вакцинацијата за време на војната”, пишуваат професорите Мартин Ехнер и Стефан Боркман, јавува АФП.
Тие се загрижени поради тоа што преку бегалците од Сирија кон соседните земји и Европа постои ризик вирусот да дојде во европските зони каде што полиомиелитот е искоренет веќе десетици години.
Тие трвдат дека вирусот може да се појави во земји како Босна и Херцеговина, Украина и Австрија каде што покривката со вакцинација е ниска. Професорите велат дека вакцинацијата на сириските бегалци не е доволна мерка и треба да се размисли за покомплетни мерки. Лекарите сметаат дека вакцинацијата мора да продолжи се додека вирусот сосема не исчезне.
Полиомиелитот е предизвикан од вирус кој го напаѓа нервниот систем и може да настапи парализа во неколку часа. Болеста пред се ја добиваат децата. Вирусот влегува во организмот преку устата.
Минатата година биле забележани во СЗО 223 случаи а во три земји – Пакистан, Нигерија и Авганистан – вирусот е еднемски.