Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политички пресврт, галопирачки цени, црна листа: Како македонските граѓани ја поминаа 2024 година

0
By Zoran Ivanov on December 31, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО – ДПМНЕ повторно ја води државата. Два нови политички чинители на сцената – коалицијата „Вреди“ и партијата „ЗНАМ“. СДСМ и ДУИ се во опозиција. Високи функционери на ДУИ осомничени за криминал и корупција. Граѓаните на мака како да се врзе крај со крај во месецот. Ретроспектива за 2024 година

Гласот на Америка: Политичката пресвртница која ја донесоа претседателските и парламентарните избори кои се одржаа во април и мај ја одбележаа 2024 година во Северна Македонија. СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција а ВМРО – ДПМНЕ заедно со два нови играчи на политичката сцена – коалицијата „Вреди“ и партијата „ЗНАМ“ сега ја водат државата.

На меѓународен план никакво поместување, државата останува во европската чекална. Живејачката во Северна Македонија е сè поскапа а приходите на граѓаните се далеку од трошоците кои треба да ги покријат во тековниот месец.

Криминалот и корупцијата се македонското секојдневие, а довербата во институциите паѓа од ден во ден.

Ново мнозинство во Парламентот

ВМРО – ДПМНЕ буквално ја прегази СДСМ на претседателските и парламентарните избори и во моментов со 78 пратеници има исклучително стабилно мнозинство на кое нема кој да му парира на политичката сцена во државата. Во сега опозициската СДСМ, лидерот Димитар Ковачевски ја понесе одговорноста и си замина а го наследи Филипче кој треба да ја консолидира партијата којашто е во слободен пад.

Изборите на површина извадија два нови политички чинители во државата. „ЗНАМ“ предводена од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој ги собра околу себе незадоволните членови и симпатизери на СДСМ а Договорот за учество во владејачката коалиција беше постигнат брзо и лесно.

Подем на „Вреди“

Во албанскиот политички блок се појави коалицијата „Вреди“ составена од четири партии и исто толку лидери многу брзо зеде замав меѓу граѓаните. Предводена од искусен политичар како Изет Меџити зад кого стоеја Касами, Таравари и Гаши успеа да ги детронизира ривалите од Мала Речица. Гаши стана спикер а Меџити прв вицепремиер. Иако дел од програмата беа уставни измени до крајот на годинава, сепак мораа да ретерираат поради цврстиот став на коалицискиот партнер.

По две декади минати во фотелјите низ институциите на државата ДУИ сега седна на столчињата наменети за опозицијата. Како опозиција секојдневно се обидуваат да извадат глас повеќе користејќи го вечниот џокер национализмот и правата на Албанците во Македонија но во моментот фокусот им е на регулирање на штетата откако високи партиски функционери се осомничени за криминал и корупција.

Текстот е сопственост на Гласот на Америка.мк

 

гласот на америка македонија 2024
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.