Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: Унгарија, Чешка и Словачка сакаат да формираат сојуз на скептици кон Украина

0
By Zoran Ivanov on October 28, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарија се обидува да ги здружи силите со Чешка и Словачка со цел да формира блок на земји во рамките на Европската Унија кои се скептични кон понатамошната помош за Украина. Таквиот потег би можел значително да ги комплицира напорите на Брисел да обезбеди континуирана финансиска и воена поддршка за Кијив, пишува бриселско Политико.

Балаж Орбан, главен политички советник на унгарскиот премиер, изјави дека се надева дека ќе се здружи со Андреј Бабиш, чија десничарска популистичка партија победи на неодамнешните парламентарни избори во Чешка, како и со словачкиот премиер Роберт Фицо. Според него, целта е да се координираат ставовите пред состаноците на лидерите на ЕУ, што вклучува одржување состаноци пред самите самити.

Иако сè уште не е постигнат силен политички сојуз, неговото формирање би можело значително да ги комплицира напорите на ЕУ да обезбеди финансиска и воена поддршка на Украина, според Политико.

Мислам дека тоа ќе се случи – и ќе стане сè повидливо, рече Балаш Орбан, кога беше прашан за можноста за формирање блок на скептици за Украина во Европскиот совет.

Тој потсети на моделот на соработка на таканаречената Вишеградска четворка (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) за време на мигрантската криза. „Функционираше многу добро за време на мигрантската криза. Така успеавме да се спротивставиме“, рече тој, осврнувајќи се на периодот по 2015 година, кога евроскептичната партија „Право и правда“ беше на власт во Варшава.

Според „Политико“, новиот сојуз би се состоел од три, а не од четири членки. Сегашниот премиер на Полска од централно-десничарската партија Доналд Туск е цврсто про-украински ориентиран и веројатно нема да се приклучи на каков било сојуз со унгарскиот премиер.

Унгарскиот премиер, кој е на власт во последните 15 години, се соочува со борба за реизбор следната година. Според анкетите на јавното мислење цитирана од изданието, партијата Тиса на опозицискиот лидер Петер Маѓар во моментов е попопуларна од партијата Фидес на Орбан

 

ЕУ скептици сојуз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
ФОКУС

Зеленски со драматичен говор: Ова се најтешките моменти во нашата историја

ВЕСТИ November 21, 2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им се обрати на Украинците во видео порака во…

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна

November 21, 2025

Кијив: Зеленски го прими предлог планот на Трамп за дипломатско решение на конфликтот во Украина

November 20, 2025

САД имаат нов план за Украина – за Европоа е неприфатлив

November 20, 2025
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.