Наместо во име на законот полицајци делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на Прилепската полиција, во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски, обвини членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Црн список на возила за отстранување”, „измислете прекршок, тргнете го”, „барајте му лекарско”, „до вечер список од акцијата глас плус важи за сите”, е дел од содржината од комуникацијата на, како што тврди Ковачки, полицајците кои ги саботирале партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
„ПП 8(725) АД – бел опел
ПП 7(323) АЦ – 206 караван
ПП 3(420) – Фиат црвен
ПП 9(142)-АЕ – Пасат зелен
ПП 8(77) – Ровер црн
ПП 4(125) АД – Корса сива
ПП 1(29) ЦХ – Астра сива
Сите овие возила возат за нив. Гледајте да ги отстраните одма“, гласат дел од пораките од вибер комуникацијата што ја објави ВМРО-ДПМНЕ.
Според Ковачки овие пораки се директна насока и наредба од командирот на ОВР Прилеп со цел шиканирање на активисти на опозициската партија.