Министерството за внатрешни работи во Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) врши полициска акција. Се претресуваат магацинските, односно подрумските простории.
Од МВР засега нема информации за што станува збор.
Неофицијално, полициската акција се однесува на нелегално копање на криптовалути, односно во ГТЦ се ископувале криптовалути на див приклучок на струја.