Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска се уште не знае точно зошто се урна авионот на претседателот Качински

0
By Нова ТВ on April 10, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес Полска одбележува петгодишнина од смртта на претседателот Лех Качински кој загина во авионска несреќа во Смоленск во Русија. Сите околности на несреќата се уште не се сосема разјаснети па полската јавност се уште си поставува прашања на оваа тема.

Темата ја подгреваат и претседателските избори закажани за 10 мај но пред се новите откритија за разговорите во пилотската кабина во претседателскиот авион. Овие разговори внесуваат тензија кај оние кои веруваат дека падот на авионот е атентат (теза која истрагата ја отфрли) и кои веруваат исто така дека актуелната полска власт не сака да се открие вистината.

Но, пред неколку дена радиото РФМ ФМ го објави транскриптот на разговорите од пилотската кабина кој ја потврдува тезата од самиот почеток на истрагата дека високите функционери кои патувале со Лех Качински им вршеле притисок на пилотите да слетаат иако во Смоленск имало густа магла.

Црната кутија која ги содржи овие разговори беше најдена брзо по несреќата но беше објавена скоро откако полската истрага успеала да дешифрира разговорите со употреба на разна опрема.

Според снимката, екипажот бил загрижен поради густата магла и имал намера да атерира на друг аеродром. Но, луѓето од кабинетот на претседателот сметале дека за тоа нема време и дека Качински ќе задоцни на состаноците што му биле закажани па правеле пресија врз пилотите да атерираат.

Мариуш Казана, шеф на протоколот на министерството за надворешни работи му рекол на пилотот 15 минути пред падот на авионот дека “ќе пробуваме да атерираме се додека не успееме”.

Полскиот генерал Анджеј Бласик на тоа рекол дека “тоа е факт, мораме тоа да го направиме до крај”, стои на снимката на црната кутија. Подоцна, на половина минута од падот на авионот кој се наоѓал во тој момент на 300 метри височина, тој ги охрабрил пилотите велејќи им: “Ќе успеете. Бидете храбри!”.

Преслушувањето на снимката открива исто така дека во последните три минути од летот повеќе лица кои немале дозвола да влегуваат во пилотската кабина, влегувале и излегувале додека некој повеќе пати повикувал да се биде тивок.

Според портпаролот на полската истрага транскриптот објавен на радиото содржи грешки на неколку места но не дал повеќе детали за споменатите грешки но прецизираше дека пилотите не биле под дејство на алкохол иако во авионот се служеле алкохолни пијалоци.

Рускиот државен комитет за авијација претходно демантираше дека падот на авионот е човечка грешка и дека пилотите не биле под притисок да атерираат во лошите временски услови.

Полската влада рече дека причина за падот на авионот е тоа што се наоѓал многу ниско и имал голема брзина во временски услови кои оневозможиле визуелен контакт со аеродромската писта и задоцнетата одлука да се направи обид за атерирање.

Полскиот претседателски авион се урна на 10 април 2010 година. Во него, заедно со претседателот и неговата сопруга, имаше 96 лица. Делегацијата патуваше на комеморација на масакрот во Катинската шума во Русија каде што во 1940 година беа убиени илјадници Полјаци од страна на тајната полиција на Сталин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
ФОКУС

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

ВЕСТИ October 12, 2025

Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за…

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.