Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поместување од сработеното е минирање на процесот, посебноста не се гради на антибугарски сентимент

0
By Нова ТВ on October 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Свети Кирил и Методиј Комисијата има постигнато консензус и дефинитивен текст како да се интерпретира улогата и како да се одбележат заеднички меѓу двете држави и секое поместување од тоа што го работела Комисијата значи дека се минира целиот процес, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во однос на расправата во бугарскиот Парламент за преименување на 24 мај во ден на бугарската писменост, Османи рече дека смета, оти тоа не е во согласност со Договорот и со работата на Комисијата.

– Сметам дека бидејќи е само во прво читање, по оваа комуникација сега и оваа сериозна порака, дека не бегаме од обврските од Договорот, како што не очекуваме и Бугарија да бега од своите обврски од членот 2 за поддржување на евроатлантските перспективи на земјата, и ова ќе се изменаџира, рече Османи.

Прашан дали од Софија има притисок за решавање на прашањето со Гоце Делчев, Османи рече дека очигледно се чувствува тензија и ниво повеќе на недоразбирање.

– Сметам дека причина е намалената комуникација во овој период заради изборите и пандемијата и различните внатрешни динамики. Затоа се обидуваме со ладна глава да пристапиме на овие прашања, бидејќи сметаме дека има простор за меѓусебно разбирање по однос на ова прашање. Има чувство од нивна страна дека договорот со недоволна динамика е имплементиран, иако и нашите контра-аргументи дека девет средби за 18 месеци и не се потценување, затоа што тоа се тешки теми и бараат анализи, изјави Османи.

Можеби, посочи тој, тука се разликуваме во очекувањата и затоа сакаме прво во таа комуникација да ги тргнеме тие дилеми.

– Нема намера да кочиме во процесот на импелентација, туку имаме намера да создадеме сериозен амбиент за да ги охрабриме историчарите и научниците да најдат решенија, нагласи Османи.

За чувството, кај дел од јавноста дека некое решение на Комисијата ќе наштети на некои интереси, Османи изрази убедување, дека кое било решение што ќе се постигне како консензус, само ќе не ослободи од негативната енергија во нашите односи.

– Мислам дека треба полека да излеземе од чувството на немање самодоверба. Ние сме членка на НАТО со одлука за почеток на преговори и треба апсолутно да имаме самодоверба по однос на сето тоа што сметаме дека ни е вредност и тука нама од што да се плашиме. Но, не треба да дозволиме емоции, дневно-политички агенди, рецидиви од минатото и чувство дека посебноста треба да се гради на анти-бугарски сентимент, мислам дека тоа штети на процесот, изјави Османи.

Мора, посочи тој, да влеземе во ментален модус на самодоверба и тоа ќе ја промени цела перспектива и политичка и на комисиите.

извор: ТВ21
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.