НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поп-ѕведата Деми Ловато се идентификува со небинарен идентитет

0
By НОВА ТВ on May 21, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Глумицата и поп-ѕвездата Деми Ловато објави на својот Твитер профил дека таа се идентификува со небинарен идентитет. Ова значи дека пејачката не се идентификува ни со машки, ниту женски род. Небинарните идентитети често се сметаат како дел од трасродовите идентитети (иако не секоја небинарна личност се идентификува како транс). Исто така постоењето на небинарни идентитети е показател дека родот постои на спектар, а не само на бинарните краеви на машкост и женскост. Таа исто така изјави дека нејзината сексуалност е флуидна и квир, односно дека таа смета дека може да најде љубов со личност од било кој род.

Ловато првпат се прослави преку филмот Дизни, „Камп рок“ во 2008 година и до сега има објавено седум студиски албуми од кои сите имаат стигнато во Топ 5 музичките листи во САД.

Деми Ловато постираше видео на нејзиниот Твитер профил во кое таа ја соопшти веста за нејзиниот небинарен идентитет. Таа го кажа следното на нејзините фанови за зошто се одлучила да го направи овој чекор:

„Ова се случи по многу лекување и саморефлектирачка работа. Јас сè уште учам и се испитувам себе си и не тврдам дека сум експерт или портпарол. Споделувањето на ова со вас сега отвора друго ниво на ранливост за мене. Ова го правам за оние таму што не беа во можност да споделат кои се вистински со своите најблиски. Ве молам, продолжете да живеете во вашите вистини и знајте дека испраќам многу љубов.“

Ловато кажа дека таа од сега ќе ги користи родово-неутралните заменки „they/them“. На македонски јазик сѐ уште нема заменки кои би биле еквивалентни на „they/them“ заради различните граматички констукции на јазикот. На пример, родово-неутрална заменка на англиски јазик е исто така „it/its“ што би се превело на македонски како „тоа“. Како и на македонски што се користи „тоа“ за предмети, објекти или животни, така и на англиски се користи заменката „it/its“. Односно, „it/its“ не се користи за луѓе. Интересно е што во англискиот јазик иако „they“ буквално значи „тие“, веќе долго време – дури и пред многу дискусии за небинарни идентитети –  „they“ исто така може да се користи во реченици со индивидуални (немнозински) субјекти каде не се знае родот на тој субјект. Бидејќи на македонски за сега нема родово-неутрални заменки, во овој текст се користат женски заменки за Ловато заради оваа лингвистичка бариера.

Деми Ловато има 55 милиони следачи на Твитер што значи дека таа има огромна платформа на која ќе може да зборува на отворен и позитивен начин за ЛГБТ теми. До сега, многу малку познати личности се имаат изјаснето како луѓе со небинарни идентитети. Во 2019, поп-пејачот Сем Смит исто така соопшти дека се идентификува како небинарна личност и дека ги користи родово-неутралните заменки „they/them“.

Така што фактот што Деми Ловато имаше храброст да ја соопшти оваа вест и тоа што таа соопшти дека ќе вика небинарни активисти да зборуваат на нејзината огромна платформа може да има многу позитивни ефекти за ЛГБТ заедницата, особени заедницата на небинарни личности.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.