Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попишани над 60 илјади лица од дијаспората, за Османи е рано за оценка за успешноста

0
By Нова ТВ on March 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и на нивните семејства заврши. Продолжува процесот на попишување на дијаспората. Досега, преку електронската апликација попишани се над 60 илјади граѓани. Најмногу од Швајцарија, по што следуваат Германија и Италија. Помал е одѕивот во Канада и Австралија.

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, се уште е рано да се даде оценка за успешноста на попишувањето на дијаспората. Тој вчера на прес-конференција рече дека граѓаните кои живеат надвор од државата имаат уште 35 дена да се самопопишат и оти постојат повеќе причини за степеност на заинтересираност на дијаспората.

– Веројатно и дистанцата и степенот на информирање го прави своето. Не можам да прејудицирам дали има одредени други причини што може да бидат основа на таквиот помал одзив. Сега во овој период, мислам дека повеќе треба да бидеме проактивни како да стигне информацијата до нив, отколку во ретроактивни анализи, за кои е прерано да се прават, истакна Османи.

Тој нема информации дека некој од дијаспората активно го бојкотира пописот, меѓутоа не ја исклучува можноста за такво нешто бидејќи, како што рече, не можат да го знаат мислењето на сите граѓани кои живеат надвор од државата.

– Сметам дека во оваа фаза е најважно да стигне информацијата до секој од нив. Очигледно не сите граѓани во светот ја знаат информацијата и ја знаат важноста на пописот, за нив пред се. За првпат ќе имаме точни бројки за дистрибуцијата на нашите граѓани во светот, нивната структура и врз основа на тоа ќе можеме да ги димензионираме нашите услиги и нашите ДКП-а, за да може граѓаните да ги добијат услугите таму каде што живеат, но и да направиме политики да го поттикнеме нивното враќање назад, нагласи Османи.

Според опозицијата, бројките на самопопишани граѓани од дијаспората ја побиваат тезата на СДСМ за голем број на иселени лица од државата. Оттаму вчера повторно побараа одложување на пописот до септември бидејќи сметаат дека спроведување на пописот во актуелните услови со зголемен број на заболени од Ковид-19 ќе предизвика нов бран на корона вирусот. Во меѓувреме до септември, бараат имунизација на населението и на попишувачите.

– Во период кога на дневна база има по 20 жртви, во време кога од немајкаде ставија полициски час, ќе треба незаштитени партиски војници од партиски огласи, да попишуваат домаќинства, ќе одат од дом во дом кај граѓани. Попис во вакви услови ќе предизвика нов бран на корона, изјави вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Власта останува на ставот за одржување на пописот. Вчера, и министерот Османи изјави дека верува оти Државниот завод за статистика ги има преземено сите мерки и протоколи за заштита на здравјето на попишувачите и на граѓаните и дека може да се искористи и искуството од последните избори кои исто така се одвиваа во услови на пандемија.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски викендот во телевизско гостување изјави дека ќе се применат сите можни начини попишувачите да имаат помали контакти со граѓаните и оти ако треба попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите.

– Ние нема да влегуваме во становите, да мериме должина на ѕидовите, квадратура на проториите. Ќе гледаме на сите можни начини да имаме помали контакти со луѓето. Доаѓањето на попишувачот е побезбедно од одењето во продавница, рече Симовски.

Теренското попишување на населението во државата треба да стартува на 1 април и да трае до 21 април. Мерките за теренското попишување предвидуваат и задолжително носење заштитна маска (КН95) во домаќинствата и за целото времетраење на попишувањето, задолжително одржување на пропишаната дистанца од 1,5-2 метри, како и забрана за вадење, поместување и менување на заштитната маска додека трае попишувањето во домот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.