ДИК соопшти дека излезноста до 13 часот е 34,83%, набљудувачите на Центарот за слобода Цивил досега регистрирале повеќе случаи на кршење на изборниот процес, меѓу кои и полнење на кутии на гласачкото место 2447 во Сарај , граѓаните од овие избори очекуваат промени, подобар живот, подобра иднина за Македонија, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која утрово гласаше во Гевгелија верува дека следниот парламентарен состав ќе ја сфати важноста за продолжување на мандатот на СЈО. Вести во една минута на НОВА на македонски и на албански јазик.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.