Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попладнево започнува тридневната расправа во грчкиот Парламент за гласање недоверба на Владата

0
By Ivana on January 28, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По доставеното барање од опозициската СИРИЗА, попладнево, во грчкиот Парламент започнува тридневната расправа за гласање недоверба на Владата, а гласањето ќе се одржи во недела навечер, јави дописничката на МИА од Атина.

За да биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од 151 пратеник од вкупно 300 колку што брои грчкиот Парламент, а во моментов владата на Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.

Согласно грчкиот Устав и Деловникот на Парламентот, расправата трае три дена, завршува најдоцна на полноќ на третиот ден, а во случај на отфрлање и неизгласување на предлогот за недоверба, не е дозволено, во следните шест месеци да биде повторно доставено.

Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас за време на вчерашната расправа во Парламентот за закон од Министерството за развој, вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата за справувањето со снежната бура и достави предлог за гласање недоверба, на како што рече, „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“.

-Оваа Влада треба што поскоро да си замине, што побрзо, толку подобро. Пред да биде доцна за општеството, за земјата, за демократијата, рече лидерот на СИРИЗА.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментираше дека Ципрас со конкретниот потег сака да остави впечаток „гледајќи дека неговото политичко влијание се намалува, а политичката иднина на неговата партија е несигурна“.

-Граѓаните ќе имаат можност да слушнат за низа прашања што ги засегаат, кои влијаат на нивните животи и сами да извлечат заклучоци, истакна Иконому во однос на расправата во Парламентот.

Лидерот на партијата Движење на промена- ПАСОК, Никос Андрулакис во интервју за телевизијата „Опен“, синоќа рече дека тие како партија нема да ѝ дадат никаква поддршка на Владата, но и потенцираше дека со 100 смртни случаи дневно од Ковид, смета дека не е време за избори.

Последен пат, предлог за гласање недоверба СИРИЗА достави во октомври 2020 година, а се однесуваше на министерот за финансии Христос Стајкурас.

Нова демократија, како опозиција, неколку дена пред потпишувањето на Договорот од Преспа во јуни 2018 година, достави барање за гласање недоверба на тогашната Влада на СИРИЗА и Алексис Ципрас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.