Инфективната клиника во Скопје нема повеќе места и во функција се става модуларната болнница. Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче.
„Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение“, изјавил Филипче.
На помош е дојден и персонал од Клиниката за пулмологија и алерголија и од Институтот за белодорбни заболувања и туберкулоза.
Министерот претходно најави дека има уште само 10 места на Инфективна, но со новиот бран и новите заразени, целиот капацитет се пополнил.
Во изминатите 24 часа примени биле 13 пациенти, и вкупно хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, а нема пациенти на респиратор.