Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир ја предводат македонската делегација во дводневна посета на Брисел, каде ќе остварат повеќе средби со европските преставници.
Со десетиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија ќе претседава министерот Попоски, а негов копретседавач ќе биде литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус, јавува Макфакс.
Попоски и Бесими ќе се сретнат и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и високиот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, а во рамките на состанокот ќе се разговара за исполнувањето на политичките критериуми, финанскиската соработка и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и за состојбата во регионот