Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попоски во Шапка: Ќе изградиме високо квалитетен ски-центар

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последниот ден од изборната кампања носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија” во ИЕ 6, Никола Попоски, е во посета на населените места од општините Брвеница и Теарце, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Најпрвин, Попоски ја посети живинарската фарма во село Челопек, каде што оствари средби со сопственикот на истата и со вработените. Тој ги нагласи мерките во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на земјоделството, како и предвиденото намалување на данокот на додадена вредност за сточната храна.

Во општината Теарце, Попоски се сретна со жителите на селото Доброште, по што го посети селото Теарце и новоизградената црква “Св. Димитрија”. На средбите со жителите на овие населени места, носителот во ИЕ 6 ги истакна новите проекти од програмата “Проверено” на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2014-2018. Тој го нагласи проектот за изградба на новиот скијачки центар Попова Шапка.

– Ќе изградиме модерен високо квалитетен скијачки центар на Попова Шапка, кој ќе обезбеди најсовремени услови за локалните и регионалните скијачи и сноубордери. Предвидено е да се изградат нови ски патеки за сите нивоа на скијачки вештини кои ќе зафаќаат 270ха совршено балансирани скијачки патеки. Исто така, предвидено е модернизирање на постоечките и изградба на нови сместувачки капацитети и услужни објекти, зголемување на бројот на паркинг-места, изградба на систем за производство на технички снег и изградба на нови жичари и ски лифтови, со што капацитетот на превоз на скијачи од сегашните 1.750 ќе се зголеми на 12.450 превезени скијачи на час. – изјави Попоски.

Активностите на Попоски продолжуваат со повеќе средби со жителите на Тетово и околните места, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.