Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповска: Логично е Груевски да се повлече

0
By Светлана Јовановска on June 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лилјана Поповска од ДОМ бара брз договор за голем пакет политичко-правни мерки за излез од кризата и враќање на довербата на граѓаните но таа исто така смета дека Груевски не е човекот кој треба да ги организира следните избори.

– Во политичкиот дел ќе треба се договори преодна влада со состав поинаков од досегашниот. За да може процесот да има кредибилитет треба да се изберат нови луѓе. Овде се работи за изгубена доверба и затоа е потребно да има луѓе во кои може да се има доверба. И ќе треба опозицијата да се врати во парламентот. Инаку таа нема да може да ја гласа ниту преодната влада, ниту пак ќе може да се гласа нов јавен обвинител кога сегашниот ќе се повлече, вели Поповска која учествуваше во дебата за кризата во Македонија во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.

Дебатата ја организираше групата на Зелените под раководство на Германката Ребека Хармс и имаше за цел да го информира ЕП за состојбата во Македонија и можните начини за излез од оваа ситуација.

Според Поповска, не е логично Груевски да остане на премиерското место и тој да ги организира идните избори:

– Тоа е прашање на логика. Тоа го бара ситуацијата. Мислам дека тоа ќе му даде можност тој како лидер да прави кампања, да се подготвува за следните избори. Ако се покаже низ судски процес дека она што го слушаме во разговорите не е вистина, ако се покаже дека било говорено но не било направено, тогаш тој може да ја добие довербата од граѓаните. Тоа е логичен начин на работење во оваа ситуација, вели Поповска потсетувајќи на изјава на бугарскиот премиер кој му порача на Груевски да даде оставка за да може повторно да се врати на политичката сцена.

– Средбата вчера не донесе ништо ново. Сите рекоа дека ќе се видат повторно, но очекуваме н
нешто поконкретно. Терминот април 2016 година кој е најавен како термин за избори се приближува и се троши време без де се влезе во конректни промени за тие избори, вели Поповска.

Поповска смета дека мора да се направи голем пакет на политичко-правни мерки кој ќе треба да биде задолжителен за сите политички партии:

– Ние имаме реална политичка криза во земјата. Во таква ситуација, ти мораш како политичар да се справиш со неа, независно дали тоа ти се допаѓа или не и дали си добил на избори или не… Мора понекогаш да се оди и против волјата и она што го сакаш. Нужно е да има предвремени избори. Тоа е единствен начин и вентил да се излезе на мирен начин од кризата и таа да не се прелее на улиците. Тоа беше главната причина и цел на нас од ДОМ да ги поттикнеме сите да седнат да разговараат.

На прашањето дали планот на Владата изработен по извештајот на Прибе е едно можно решение за кризата, Поповска вели дека само некој поинаква структура и други луѓе можат да ја вратат изгубената доверба на граѓаните.

– Ако веќе зборуваме дека во државата имаме криза настаната поради губиток на доверба кон одредена политичка елита, тогаш треба да дадеме шанса некоја друга структура да направи излез од кризата. Се разбира со конзенсус со постоечките структури. Но не со истите луѓе на исти позиции. Тоа нема да биде реално и нема да биде задоволително за огромна маса луѓе кои бараат промена за да и веруваат на држава. Страшно е како граѓанин да не им веруваш на својата држава и на своите институции. Тој процес на враќање на доверба мора да го прават сите заедно. Низ овие процеси за излез од политичка криза сите ние учиме да преговараме и да градиме консензуси.

Поповска во ЕП повтори дека е “битно ЕУ да го даде својот удел во оваа криза и да ги отвори поглавијата 23 и 24 кои се клучни и да почнеме преговори. Можеби може да се чини чудно сега во оваа ситуација тоа да се бара. Да, токму сега бидејќи Македонија ги заслужи тие преговори”, вели претседателката на ДОМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.