НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски : Internet of Things и 5Г драстично ќе го промени начинот на живот

0
By Борјан Јовановски on March 6, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петар Поповски работи како редовен професор на Универзитетот во Алборг, каде предводи група истражувачи кои работат на безжичните комуникации доминантно М2М
комуникациите. Петар Поповски кој недоамна доби признание за еден од најуспешните истражувачи во Данска во интервју за НОВА зборува за новите технологии во безжичната комуникација како и за положбата на истражувачите во Данска и Македонија. Тема на интервјуто е и безбедноата на безжичната комуникација

Како успеавте да се најдете меѓу најуспешните истражувачи во Данска? Кои се вашите резултати за оваа признание?

Секоја година министерството за образование и наука во Данска избира пет елитни истражувачи. Мене ме номинираше мојот универзитет во Алборги одлуката ја донесе истражувачкиот совет кој е во склоп на министерството. Оваа награда е резултат на неколку различни типа на постигнувања. Прво, тоа е континуираната научна продукција во последните 10тина години, која брои над 240 научни трудови во часописи и конференции, патенти, како и фактот дека трудовите се цитирани од голем број други автори. Второ, советот зема предвид некои конкретни научни придонеси и нивното влијание. Како еден пример, во 2006 публикував една нова техника за безжична комуникација, позната како wireless network coding, што денес е веќе етаблирана истражувачка област. Исто така, минатата година добив петгодишен истражувачки проект од Европскиот Совет за Истражување (European Research Council), што е практично највисока, многу селективна, категорија на истражувачки грант. Од неодамна сум избран и за Fellow во IEEE, најголемата светска организација на инжинери за електроника и електротехника. Таа брои 400000 члена, а само 0.1% од нив го добиваат звањето Fellow за исклучително придонеси во некоја од научните дисциплини кои се под капата на IEEE, во мојот случај тоа се телекомуникациите.

Зошто заминавте во Данска?

Идеја да правам докторат надвор од Македонија имав уште кога студирав на Електротехничкиот факултет (сегашен ФЕИТ) во Скопје во 90тите. Во 2001 година, преку проф. Лилјана Гавриловска, со која работев на Институтот за телекомуникации на ФЕИТ, се пружи прилика за докторски студии во Алборг, кој беше (и сеуште е) една од врвните светски институции за истражување во безжични комуникации. Имав можност за докторат и на други места, но се одлучив за Данска, затоа што таму имаше и оптимална прилика за мојата сопруга. Докторатот го завршив во 2004 и потоа добив позиција на универзитетот, прво како доцент, па вонреден професор, и од 2012 сум редовен професор. Денес имам група со десеттина истражувачи, меѓу кои има и искусни истражувачи, докторанти и магистранти.

Како оваа држава гопоттикнува истражувањето и иновациите?

Мислам дека поттикнувањето и поддршката на истражувањето и иновациите има три елементи: (1) инструменти и модуси за поддршка, (2) административна поддршка и (3) прифатеност на иновацијата и технологијата во самото општество. Инструментите за поддршка вклучуваат различни дански и европски фондации во кои универзитетите може да аплицираат за проекти, многу често во соработка со компании. Да дадам само еден пример. Постои во Данска фонд за иновации кој доделува проекти преку компетитивен процес и каде се аплицира еднаш-двапати годишно. Финансирањето на проектот е преку систем 1+2+3: целиот проектен буџет се дели на 6 дела, 1 дел се финансира од универзитетот, 2 дела од компаниите кои учествуваат и 3 дела (т.е. пола проект) од иновацискиот фонд. Една од главните поенти во таквите проекти е да постои јасен договор меѓу компаниите и универзитетот за трансфер на интелектуална сопственост. Исто така постојат различни дански и европски фондови за поддршка на претприемаштво, фондови за поддршка на базично истражување, и слично.

Административната поддршка е многу важна за да се олесни протокот на финансии до истражувачите и компаниите. Тоа на данските универзитети оди многу глатко, без собирање на безброј потписи и печати за секоја мала работа. Ова доаѓа од фактот дека постои високо ниво на доверба дека истражувачот и компаниите нема да ги злоупотребат средствата.
На крај, општествената поддршка за иновацијата и технологијата е една поширока категорија, која рефлектира колку општеството и медиумите прифаќаат и користат знаење, наука и технологија во дискусија и евалуација на општествените феномени. Мислењето на истражувачите има силно влијание во општеството – пред неколку дена министерката за земјоделство беше приморана на оставка затоа што донела одлука која не ги зела предвид предупредувањата на истражувачите за последиците што таа одлука ќе ги има за загадување на околината. Исто така, мислам дека е општо прифатено дека вложени средства во домашна технологија и иновации има големо значење за долгорочен пораст и креирање на работни места.

Можете ли да направите споредба со Македонија?

Еве да ги погледаме трите елементи што ги набројав, инструменти, администрација и општествена прифатеност. Инструментите е нешто што најлесно може да се воведе. Иако нема голем домашен буџет за наука во Македонија, во принцип може да се аплицира за европските фондови. Малку е потешко со административната поддршка – она што го имам чуено од моите колеги во Македонија е дека менаџирањето на финансиите и барање разноразни дозволи може да земе многу ресурси, така што тука има простор за подобрување.

Сепак, мислам дека најпроблематичен во Македонија е последниот аспект, општествена прифатеност и улога на истражувањето, иновациите и технологијата. Не ми изгледа дека политичарите во Македонија ја насочуваат земјата накај општество базирано на факти и знаење, и покрај постојаната пропаганда во спротивната насока. Земете го примерот со прислушувањето. Поранешниот, а можеби и актуелен, премиер Груевски зборуваше со години за информатичко општество и иновации, но никогаш не се повика на научна метода за да се покаже автентичноста на прислушуваните разговори. Интересно е и што и опозицијата не излезе со стратегија за верификација на автентичноста, како дел од стратегијата за објавување на снимките. Па така, во 2015, кога секој од нас во џеб носи компјутер помоќен од оној што го слета Аполо на месечината, автентичноста на прислушуваните разговори се верифицира преку партиски соопштенија.

Ова е само еден мал пример кое е вистинското место на знаењето и технологијата во општествените дискурси во Македонија. Не дека нема луѓе со квалификации и знаење, меѓутоа дискурсот ги држи на маргините, за сметка на политичко-партиски претстави. Исто така, мој впечаток е дека се обрнува повеќе внимание како да се субвенционираат странски инвеститори, наместо да се вложат средства во домашни истражувачи, компании и претприемачи. Сето ова ги става иновациите и технологијата во прилично маргинална општествена улога.

Ваша специјалност се безжичните врски. Што е најново во ова актуелна област во светот?

Технологијата за безжични/мобилни комуникации е, историски гледано, технологија што постигнала најголемо општествено влијание во најкратко време. Во 2015 година за првпат пристапот до мобилни телефони го надмина пристапот до вода и струја во земјите во развој. На пример во Африка, мобилниот телефон се користи и како кредитна картичка, и како легитимација, и како средство за тргување, итн. Голем дел од луѓето таму немаат струја дома, но наоѓаат начин како да го наполнат мобилниот телефон од заеднички станици за напојување или решенија со соларни панели. Мислам дека ваквиот развој е фасцинантен.
Главното прашање во безжичната технологија во моментов е како ќе изгледа петтата генерација на мобилни комуникации, позната како 5Г. Еден од трендовите води кон постигнување на поголеми комуникациски брзини, но мислам дека многу пореволуционерни ќе бидат другите два тренда: ултра-надежни (ultra-reliable) безжични комуникации и масовни комуникации за Интернет од нешта (Internet of Things). Ултра-надежните комуникации, каде линкот е достапен 99.999% од времето, се основа за, на пример, комуникации и координирање меѓу возила, што ќе доведе до масовно користење на возила без возачи и со тоа драстично ќе го смени начинот на кој користиме транспорт. Исто така, ултра-надежните комуникации ќе овозможат поголема автоматизација на индустријата и производството, позната под името Индустрија 4.0. Во надоаѓачкиот бран на Internet of things,десетици милијарди уреди ќе се приклучат на Интернет преку безжична врска. Тоа се разни машини, сензори и објекти од секојдневието кои ќе добијат нова функционалност преку врската на Интернет. На пример, термостатите од некоја зграда може да се координираат за тоа каква да биде побарувачката на топлина во даден период или пак уличните лампи да се прилагодуваат на присутноста на луѓе.

Сето ова неминовно ќе доведе до големи промени во начинот на живот и работа во наредните десетина години. Голем број работни места ќе исчезнат (на пример, бројот на професионални возачи ќе се намали доколку транспортот го прават автономни возила кои се координираат меѓу себе), а ќе се појават нови работни места (на пример, нудење на услуги преку роботи кои ги контролира човек од далечина).

Познати ви е случајот со прислушувањето во Македонија. Постојат ли можности безжичните комуникации да се безбедни ? и како?

Безбедноста и приватноста на безжичните комуникации константно се подобрува, но исто така константно се појавуваат нови начини како таа безбедност да се загрози, да се изврши хакирање, онеспособување на конекција и услуга, и слично. Опасноста не доаѓа само од хакери и сајбер криминалци, туку и од владите кои може да имаат големо ниво на контрола врз телекомуникациските мрежи и мобилните оператори и со тоа може да ја нарушат приватноста на граѓаните. Секогаш постои компромис кој треба да се направи помеѓу одржување на повисоко ниво на општествена безбедност и зачувување на приватноста на граѓаните. Владите сакаат да имаат пристап до комуникациите за да следат терористи и криминалци, но поголемите овлaстувања за следење нужно носат до поголемо нарушување на приватноста на граѓаните. Последниот голем случај од САД е со тоа што FBI бара од Apple да дозволи пристап до iPhone телефоните на осомничени лица.
Во наредните години безбедноста на безжичните комуникации ќе стане уште покритична, затоа што секој од нас ќе користи поголем број уреди поврзани на Интернет. Ако, на пример, за 10 години некој го хакира системот за координирање на автономни возила, може да предизвика илјадници сообраќајни несреќи во рок од само неколку секунди и на различни географски локации. Огромната моќ што ја носи комуникациската технологија ќе бара уште поголема одговорност и етичност од секој поединец.

Дали имате толкување како толкав број на разговори е пробиен во еден безбедносен систем?

Тука треба да се започне од хипотезата која има најголема веројатност да биде точна. Да илустрирам со пример. Доаѓате до вашиот автомобил и гледате дека прозорот е скршен со камен кој сега лежи на седиштето. Во близина на автомобилот гледате група луѓе. Една хипотеза што може да ја направите е дека паднал метеор и баш погодил во прозорот од колата, па го земате каменот и го носите во лабораторија за да се верифицира дали е тоа метеор. Друга, многу поверојатна хипотеза, е дека некој го фрлил каменот накај автомобилот и одите да ја проверите таа хипотеза со тоа што одите да зборувате со луѓето кои се во близина на автомобилот. Во примерот со прислушувањето, метеорот соодветствува на жолтите комбиња и клонираните базни станици, а разговорот со луѓето соодветствува со истрага на мобилните оператори.
Теоретски, можно е некој да го правел прислушувањето на своја рака, добивајќи нелегален пристап до соодветна опрема сместена кај мобилните оператори и/или безбедносните служби. За да се прифати или елиминира таква хипотеза, треба истрагата да се прошири од online на offline теренот. Под offline терен подразбирам барање, на пример, на мотивација за прислушување, како и причинско-последични акции поврзани со прислушуваните разговори. На пример, некој прислушуван разговор може да открива информација за личност или за зделка која се случувала во некој период и во настаните од тој период може да се види кој имал добивка од познавањето на таквата информација. Повеќе такви причинско-последични докази може да направат прилично точна слика кој и зошто го правел прислушувањето. Ваквата масовна анализа на податоци и изведување на заклучоци (data analytics) е фактички голем тренд не само во форензика и криминална истрага, туку и во различни области на човековот делување, како на пример социјални мрежи, маркетинг, берза и сл.

Има ли друг таков случај во светот?

Лани имаше еден случај во Осло во кој се појави сомнеж дека клонирани базни станици се користени во центарот на Осло за да се прислушуваат норвешките политичари. Нагласувам, во центарот на Осло, а не и повици кои се случуваат меѓу два случајни градови во Норвешка. Норвешката служба за државна безбедност направи истрага на оваа хипотеза и изнесе заклучок дека најверојатно не е точна. Една група новинари од Aftenposten не беа задоволни со оваа одлука и приватно изнајмија консултантска фирма да изврши мерења во центарот на Осло за да види дали може да се детектираат такви лажни базни станици. Фирмата направи извештај, кој во голема тајност се испрати до четири експерти за мобилни комуникации, од кои еден бев и јас. Еден од четворицата беше истражувач од Германија познат по тоа што има сам направено алгоритми за да ги хакира моблилните мрежи (секако, тоа го правел бенигно и со истражувачка цел, за да покаже што е можно). Сите четири експерти се сложивме дека мерењата индицираат силно присуство на лажни базни станици. Aftenposten поубликуваше детален извештај за тоа, по што, под притисок на јавноста, службата за државна безбедност повторно го отвори случајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.