Актуелниот советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, професорот Владо Поповски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 осврнувајќи се на случувањата по изборите во декември 2016 година, истакна дека поранешниот претседател на државава Ѓорге Иванов го прекршил Уставот со тоа што не му го давал мандатот на Зоран Заев.
„Јас изјавив дека кога Ѓорге Иванов не му го даваше мандатот на Заев, кој што создаде парламентарно мнозинство, со разни изговори реков дека го крши Уставот. Претседателот е должен да го даде мандатот на тој што има собраниско мнозинство, не важно дали победил на избори“, порача Поповски.