Ѕвездата на „Late night show“, Дејвид Летерман следната година заминува во пензија, по 33 години на екраните.
Тој ова го најави во неговата емизија емитувана во четвртокот. Пред почетокот на емисијата го повикал претседателот на управниот одбор на телевизиската мрежа CBS, Лелси Мунвес, и му рекол: „Лесли, беше прекрасно, ти беше прекрасен и мрежата беше сјајна, но заминувам во пензија”.
Летерман го води шоуто „Late Show with David Letterman” последните 22 години од неговата кариера. Претходно беше 11 години домаќин на емсијата на NBC „Late Night”.
„Само еден е Дејвид Летерман. Неговата големина никогаш нема да биде заборавена и ќе остане еден од најголемите во оваа работа”, рекол Мунвес.