Жаре Стеваноски: Најдоа држава од милион и пол, колку едно предградие во Њујорк во која си играат држава, државници и чиновници.
И народ ги гледа, ги трпи сите нивни хирови и им молчи, а тие уште повеќе растат мислејќи така паметни бесконечно ќе го водат стадото, гледајќи не од високо, само во крзното и млекото.
Кој знае како на нас, како народ, гледаат овие големите држави, што ли мислат за нашиот интелект и молчеливост.
Можеби прво нешто што за нас го учат, е дека сме биле пет века под турско ропство и во тие пет века само еднаш сме пробале да кренеме востание и тоа со топче, црешово, па им станува некако појасно зошто сме толку трпеливи и наивни.
Македонија секогаш си патела од домашните душмани, ама народот генерално, секогаш од умот.
И тука ќе завршам со една мудрост на Наполеон која вели „Светот пати многу. Не поради насилството од лошите луѓе, туку поради молчењето на добрите“.
Извор: Фејсбук



