Куварот Марк Симонс на сметката на својот њујоршки ресторант во Бруклин додаде порака која се однесува на имиграциската политика на Трамп.
„Имигрантите ја прават Америка голема (тие исто така ви ја зготвија и послужија храната која ја јадете)“, пишува на сметката чија фотографија на Твитер ја објави новинарката Мери Емили О’Хара.
Симонс во САД се доселил од Нов Зеланд, а во неговиот ресторант работат луѓе од пет различни земји.
„Ја додадов пораката на дното на сметката за да ги потсетувам гостите дека токму имигрантите се тие од кои зависи угостителството“, изјави Симонс за американските медиуми.