Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака на Светскиот ден на Алцхајмеровата болест: Потребни се дневни центри и професионални негуватели

0
By Sashko on September 21, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светскиот ден на Алцхајмерова болест денеска беше одбележан на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде беше испратена порака дека сите општествени чинители треба да се вклучат во поддршката за добивање на подобра нега на лицата со деменција.

Докторка Габриела Новотни, претседателка на граѓанското здружение „Институт за Алцхајмерова болест и невронаука – Скопје“, истакна дека особено е видлива потребата од дневни центри, едукација, како и професионални негуватели.

„Ние сме должни да го направиме сето ова за овие лица. Во Македонија тоа се најмалку 20 илјади семејства. Алцхајмеровата болест која ги краде спомените не ја зафаќа само индивидуата, туку и целото семејство го вовлекува во својата болест и тоа трае со години. Во изминатите две до три години не успеавме да постигнеме напредок во дијагностичките методи. Ги имаме дури и творните биомаркери кои се во дијагностичкиот протокол ширум светот, меѓутоа добивањето на дијагнозата не значи и крај на болеста“, изјави Новотни.

Според неа, потребно е не само да се препишуваат лекови, туку и да им се помогне на семејствата во грижата за своите сакани, бидејќи некои од нив не се едуцирани како да постапат со одредени однесувања, па бараат помош и во доцните часови се јавуваат на клиниките.

„Потребни се професионални негуватели. Потребни се дневни центри. Знаете болеста ги краде мемориите, но ние не смееме да им го украдеме квалитетот на живот, љубовта, радоста, среќата. Тоа се емоции тоа не е меморија“, додаде Новотни.

Таа ја искористи приликата да испрати порака до докторите, психолозите, социјалните работници и оние кои ги креираат здравствените политики да се насочат кон заедничка промена кон подобро.

Во однос на дневните центри, Новотни истакна дека иницијативата постои на хартија и како и позитивни вибрации, но дека во пракса не доаѓаат до израз.

Таа додаде дека како старее населението, се зголемува и бројот на лица со оваа болест, потенцирајќи дека верувањето оти само старите лица заболуваат од неа е погрешно.

„Дека оваа болест е само на старите лица е стигма, има многу млади работоспособни лица кои може се во фаза на добивање дијагноза или веќе ја имаат“, истакна Новотни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.