Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака на Вајгл и Кукан: Од Пржино нема бегање

0
By Светлана Јовановска on December 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Во Пржинскиот процес има одлагање, пропуштање рокови, тешкотии…. но, од овој процес нема бегање- ова е накусо пораката на либералот Иво Вајгл и демохристијанинот Едвард Кукан, кои со внимание следат се што се случува во Македонија. На денешната сесија на Комитетот за надворешни работи во Брисел на која беа присутни двајцата европратеници, Вајгл го презентираше својот нацрт извештај за Македонија, кој напролет, кога ќе биде изгласан од целиот Европски парламент (ЕП), ќе стане резолуција.

Овој документ подвлекува дека “според договорот од јуни и јули, новата Влада треба да биде именувана на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред договорениот датум за предвремени избори”.

За НОВА Кукан вели дека неговата политичка група Народната европска партија, најголемата во ЕП, и ја дава својата поддршка на сегашната Влада “за да се најде политичко решение за кризата и да се исполни целиот договор од Пржино и со оглед на тоа што Груевски го потпиша токму тоа”, вели Кукан и објаснува:

„Целосно исполнување на Пржино значи дека, на пример, на 15 јануари 2016 година Груевски треба да даде оставка. Во таа смисла нашата политичка група го поддржува Груевски, за да се исполни договорот колку и да е тој тежок за примена. Но, тоа е единствениот начин да се излезе од оваа ситуација со политички средства. Токму тука ние го користиме нашето влијание”, заклучува пратеникот кој, заедно со Вајгл и Ричард Ховит ќе дојде во Македонија во јануари.

„Не треба да се драматизира доцнењето ако е тоа кусо и ако не го доведува во прашање процесот од Пржино. Но ако тоа има последици врз процесот тогаш е неприфатливо”, вели Вајгл и додава дека е особени важно најзначајните точки да бидат почитувани во одредените рокови како оставката на Никола Груевски на 15 јануари 2016 година.

„Изборите мора да се одржат на 24 април 2016 година како што предвидува договорот од Пржино и не смеат да се одложуваат. Одлагањето на изборите може да донесе повторна криза, овој пат со несогледливи последици”, вели Вајгл.

Овој извештај ги повикува, како и секоја година, земјите членки на ЕУ да отворат преговори за членство со Македонија. Но, за да може да дојде до овие преговори потребно е да се исполнат два услови.

„ЕП цело време го поддржува стартот на преговори и тоа сигурно пак ќе биде така кога ќе се усвои извештајот. Но потребно е да се исполнат два услови: целосна примена на договорот од Пржино и демократска реализација на предвремените избори кои ќе бидат прифатени од сите. За преговори, мора да се реши и проблемот со името”, Вајлг ја резимира за НОВА денешната парламентарна дебата во Брисел.

Нацртот на извештајот повикува за “регуларно и непречено работење на собраниската комисија за прислушувањето” и подвлекува дека треба да се обезбеди пристап до сите неопходни податоци, сведочења.

Идната резолуција изразува «жалење поради влошувањето на слободата на медиумите, загриженост поради понатамошна поларизација на медиумите, случаите на заплашување и автоцензура, системското политичко мешање во уредничките политики и лошите професионални стандарди помеѓу новинарите».

Рок за поднесување на амандманите за овој извештај е 14 јануари 2016 година. Извештајот треба да биде усвоен напролет но точниот датум се уште не е фиксиран.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.