Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пораката на Бекам: Ниту едно дете не смее да трпи насилство

0
By Нова ТВ on December 5, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска започна да се прикажува новиот филм на амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам, со порака против бруталната реалност за физичката и психичката злоупотреба која може засекогаш да ги обележи децата.

Во соопштението на УНИЦЕФ се истакнува дека во новиот едноминутен филм на УНИЦЕФ, сцени од насилство врз децата се појавуваат како анимирани тетоважи на телото на Дејвид Бекам. Додека личните тетоважи на Бекам се белези избрани да претстават среќни или важни спомени, милиони деца носат белези кои не ги избрале: долготрајни лузни од насилство и злоупотреба. Анимациите во филмот ги прикажуваат сите пречести форми на насилство кои момчињата и девојчињата ги трпат на места каде што треба да се безбедни – дома, на училиште, на интернет и во заедницата.

-Кога започнав со мојата фондација наречена „7“ со УНИЦЕФ, се обврзав да направам сè што можам за светот да стане побезбедно место за децата и да го кренам гласот за работите што имаат разорно влијание врз нивниот живот. Една од тие работи е насилството. Секои пет минути, по едно дете умира од насилство некаде во светот. Уште неколку милиони се во опасност од физичка, емоционална и сексуална злоупотреба што може засекогаш да им го уништи детството.

Минатата година, со УНИЦЕФ ја посетив Камбоџа, каде што сретнав и слушнав деца кои раскажуваа за ужасното насилство што го доживеале. Бев шокиран од она што го чув и видов како насилството може да остави длабоки и трајни лузни. Ниедно дете не треба да го трпи тоа. Сепак, во сите делови од светот, дома, на училиште и на улица, децата трпат слично насилство. Се надевам дека овој нов проект ќе привлече внимание врз овој итен проблем и ќе инспирира акција. Насилството врз децата е погрешно и заедно треба да му ставиме крај, вели Бекам во филмот.

Со помош на У-извештајот, алатка за пораки што им овозможува на младите да известуваат за прашања што го засегаат нивниот живот, Дејвид Бекам ги повика младите да одговорат на прашања за насилството врз децата.

-Повеќе од 190.000 „У-репортери“ од 22 земји одговорија на повикот. Две третини од нив изјавија дека лично доживеале физичко или вербално насилство, или дека познаваат некого што доживеал. На прашањето кој сметаат дека најчесто врши насилство, една третина одговорија дека тоа е полицијата или органите за спроведување на законот, 29 отсто рекоа дека тоа се нивните врсници, 28 отсто се изјаснија дека тоа е родителот или старателот, а 9 отсто ги посочија наставниците.

Околу 80.000 У-репортери дадоа предлози за она што може да се направи за решавање на насилството во нивните заедници. 24-годишниот У-репортер од Филипините рече: „Ќе го кренам гласот за да ме чујат и да ги предупредам сите луѓе околу мене за она што се случува, и ќе побарам некој да помогне за да се стави крај, ако не можам сам да го направам тоа“, се вели во соопштението.

Трагичните последици од насилството ги засегаат сите аспекти од животот на детето и може да се пренесуваат од генерација на генерација. Насилството врз децата носи сериозни трошоци за сите општества во секој регион на светот, велат од УНИЦЕФ.

-Насилството не е неизбежно. УНИЦЕФ укажува на седум докажани стратегии кои може да помогнат за искоренување на насилството врз децата. Тие се: јакнење на ставовите со кои се поддржува ненасилство; спроведување на законите; создавање безбедна средина за децата; поддршка на родителите и старателите; зголемување на семејните приходи за намалување на сиромаштијата; зајакнување на социјалните услуги и опремување на децата со животни вештини, се истакнува во соопштението.

По 10 години како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам го започна 7: Дејвид Бекам-Фонд на УНИЦЕФ во февруари 2015 година, заложувајќи се за помагање на најзагрозените деца во светот. Подоцна истата година, Бекам ја посети Камбоџа, каде сретна деца кои претрпеле насилство и злоупотреба. Трогнат од приказните што ги слушна, Бекам потоа беше во Обединетите нации и ги повика светските лидери да ги стават децата, особено најобесправените, во центарот на новите Цели за одржлив развој.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.