Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешниот адвокат на Трамп поднел тужба против него, обвинителот Бар и американската Влада

0
By Ivana on December 17, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, поднел тужба против него и американската сојузна Влада, обвинувајќи ги дека планирале да го вратат во затвор затоа што наводно работел на книгата против поранешниот претседател, јави „Њујорк Дејли Њуз“.

Коен е осуден на три години затвор за финансиски и други кривични дела. Во мај годинава тој беше пуштен во домашен притвор поради епидемијата на коронавирус. Оттогаш, меѓутоа, Коен се појавува на улиците на Њујорк и во локалните ресторани, по што на 9 јули беше вратен во затвор.

Судот подоцна нареди Коен повторно да биде ослободен од затвор.

Во тужбата поднесена вчера до федералниот суд во Менхетен, Коен тврди дека неговото враќање во затвор е поврзано со неговата работа на книгата за Трамп. Според весникот,  Коен бара компензација од поранешниот американски претседател и владата. Висината на обештетувањето не е прецизирана. Како што е наведено, во тужбата, исто така, како обвинет е именуван и поранешниот јавен обвинител Вилијам Бар.

Поднесувањето на тужбата Коен го објави на Твитер. Тој во изјавата наведува дека планира да ја тужи американската Влада, Трамп и Бар за „неговото неуставно враќање во затворот Отисвил врз основа на неговото одбивање да се откаже од своите уставни права според Првиот амандман“.

Книгата на Коен „Предавник: Вистинската историја на Мајкл Коен“, во која тој наводно Трамп го нарекува „измамник, моќник, предавник, силувач, расист, предатор и заговорник“, беше објавена во септември 2020 година.

Коен и претходно остро го критикуваше Трамп, тврдејќи дека во минатото му помогнал во решавањето на не многу разумни проблеми, вклучувајќи го и плаќањето жени за молкот дека имале врски со Трамп.

Коен беше осуден за кршење на законите за финансирање на кампањата и лажење на Конгресот во обид да го одбрани Трамп и себеси.

Коен, меѓутоа, поднесе уште едно обвинение против Трамп пред да биде испратен во затвор, а во ноември 2021 година беше ослободен, по три години затвор и домашен притвор. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.