Вашингтон: Цените на златото пораснаа под влијание на ескалацијата на геополитичките тензии на Блискиот Исток. На физичкиот пазар цената на унца злато порасна за 0,4 отсто на 2.260,7 долари. На американскиот пазар фјучерсите на златото поскапеа за 1,1 отсто, на 2.281,15 долари за унца.