Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поразот од фудбалерите на Северна Македонија е италијанска трагедија

0
By Sashko on March 25, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СПОРТ
Фото: nsnews.com/AP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанска трагедија се случи во четвртокот вечерта и елиминацијата на „азурите“ во плеј-оф баражот за Светското првенство во Катар, по срамниот пораз од Северна Македонија.

„Тој пораз е нашиот најлош резултат досега. Исплашените играчи немаа идеи,
докажувајќи дека славата на ЕП 2020 е минато, пишува за британски „Дејли меил“, италијанската коментаторска ѕвезда, Алвиз Кагнацо.

Италијанскиот тим беше без идеи или агресија во нападот. Освојувањето на ЕП 2020 минатото лето нѝ ласкаше, но овојпат не можевме да ги надминеме ниту европските младенчиња (македонскиот тим, н.з.) дома во полуфиналето од плеј-офот. Навикнати сме на разочарувања, но овој пораз ги надминува сите. Без сомнение, тоа е нашата најголема загуба во последните 112 години од историјата на италијанскиот фудбал.

Избраниците на Роберто Манчини изгледаа просечно. Играчите исчезнаа најмалку 75 минути од натпреварот и изгледаа исплашено и нервозно во последните фази. Италија не изгледаше гордо во синиот дрес. За волја на вистината, никогаш не сме имале сила на врвен тим под водство на Манчини и ова е сега груб повик за будење по нивната слава на ЕП 2020. Сега е јасно колку на тимот му недостасуваат и спортски и технички подобрувања.

Само неколку месеци по нивната незаборавна ноќ на „Вембли“, високо признатата Италија повторно беше уништена со слабиот и збунет настап кој покажа дека „азурите“ се кревки. Џанлуиџи Донарума беше херојот во финалето против Англија, го одбрани клучниот пенал на Сака, но синоќа против Северна
Македонија не се прослави. Не може да биде случајно што Италија доживеа пораз во последните секунди од натпреварот од првиот посериозен удар од тимот на Северна Македонија.

Нашиот тим покажа лошо управување во играта против селекцијата која се наоѓа на 67-то место на ранг листата на ФИФА. Нашите навивачи сега ќе бидат
лишени од уште едно Светско првенство, откако веќе го почувствуваа на своја кожа колосалниот неуспех да стигнат до Русија во 2018 година.

Поранешниот тренер на Манчестер Сити и на Интер беше поздравен како волшебник, откако минатата година ја инспирираше Италија за европска слава, но денес тој мора да одговара за падот на тимот.

Како беше можно да се уништи такво неверојатно достигнување минатото лето со пораз од толку инфериорен тим?

Италијанските напаѓачки сили Лоренцо Инсиње, Чиро Имобиле и Доменико Берарди не успеаја да ја „пробијат“ Македонија, и покрај тоа што имаа 32 обиди борејќи се да ја скршат тврдоглавата одбрана на тимот кој изгледаше како да ужива во своето патување во Сицилија.

Менаџерот Манчини е главниот виновник за оваа страшна загуба – не можеше да ги мотивира своите играчи и да ги натера да играат со агресија.

(извадено од „Дејли меил“)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.