Петро Порошенко даде заклетва како претседател на Украина, со надеж дека потегот може да помогне да се стави крај на смртоносните борби во источниот дел на земјата, јавува Би-Би-Си.
48-годишниот магнат е поттикнат од пораките со поддршка кои пристигаат од Запад, по неговата победа на изборите на 25 мај.
Во својот говор Порошенко повика на мир, безбедност и единство, велејќи дека не сакаат војна или одмазда.
Киев ја обвинува Москва за поддршката на сепаратисти на Исток – тврдење кое страната на Кремљ го негира.