Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порошенко: Уривањето на малезискиот авион е терористички чин

0
By Нова ТВ on July 17, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека падот на малезискиот авион во источниот дел на земјата во кој загинаа 295 луѓе е чин на терористички акт, јавуваат странските медиуми.

Првично од прес-службата на државниот врв изјавија дека „не ја исклучуваат” можноста авионот на малезиската авиокомпанија да е соборен. Тие се категорични дека украинските вооружени сили не вршеле истрели, кои би можеле да достигнат цели во воздух.

-Ова е трет трагичен случај во последните денови по авион Ан-26 и СУ-25 на украинските вооружени сили кои беа срушени од територијата на Русија. Нагласуваме дека вооружените сили на Украина не презеле акција против ниту една воздушна цел, а оние кои се виновни за оваа трагедија ќе бидат повикани на одговорност, изјави Порошенко.

Шефот на државата изрази сочувство на семејствата на жртвите и објави дека формирана е комисија со учество на експерти од Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO-) и на претставниците на Холандија и Малезија, која ќе ја испитува трагедијата со авионот.

Боинг-777 на „Малезија ерлајнс” сообраќаше од Амстердам до Куала Лумпур. Непосредно пред контролата над него да биде предадена од украинските на руските авиодиспечерите, тој исчезна од радарите на над 10 километри височина.

Урнатините од машината, заедно со телата на десетици загинати, беа откриени во Источна Украина во област каде што во последните неколку дена се водат борби меѓу украинската армија и проруски сепаратисти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.