Младиот и исклучително талентиран визуелен уметник Ѓорѓе Јовановиќ е еден од најизложуваните и најнаградуваните македонски уметници во земјава и во странство.
Во неговиот фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Оттаму, во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек-општество и конзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата.