Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

После оставката на владата на Бугарија ако Македонија за 3-4 месеци ги внесе Бугарите во уставот, ја има последната шанса за влез во ЕУ во 2028-2030 година

0
By Zoran Ivanov on December 25, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 25, 2025 17:08

Веројатно и единствено решение Македонија да може да се приклучи на двата кандидати за влез во ЕУ во 2028 година е за два три месеци Собранието да ги внесе Бугарите во Преамбулата на Уставот и согласно последниот заклучок на ЕУ без било какви други услови земјата да ги почне преговорите за влез во ЕУ. Во меѓувреме Бугарија ќе се спроведуваат парламентарните избори и ќе нема избрано нова Влада. Новоизбраната бугарска Влада, објективно не ќе може во првите неколку месеци евентуално да стави нов услов за продолжување на започнатите преговори.

Тито Беличанец

После оставката на владата на Бугарија и предвремените парламентарни избори, ако Македонија за 3-4 месеци ги внесе Бугарите во уставот и ги почне преговорите за влез во ЕУ, ја има последната шанса за влез во ЕУ во 2028-2030 година.

Европскиот совет на последната седница и стави јасно на знаење на Претседателката на државата и на Премиерот Мицкоски дека нема согласност за менување на Преговарачката рамка и за некој вид институционални гаранции и дека само по внесувањето на Бугарите во Преамбулата на уставот Македонија без било какви дополнителни услови може да ги почне преговорите за влез во ЕУ.

Но и покрај тоа, денес министерот на МНР Муцунски го слушаме дека се плаши зошто земјата нема гаранција дека Бугарија по шест месеци од почетокот на преговорите ќе постави нов услов.

Муцунски покрај одбиеното барање на Македонија за гаранции од Европскиот совет, го дополни со ново барање – остварување на малцинските права на етничките Македонци граѓани на Бугарија.

Ми се наметнуваат две од многуте можни сценарија како понатаму.

Според првото, следи одлагање на почетокот на преговорите за влез во ЕУ во недоглед, зошто се сомневам дека Бугарија на која допрва и престојат нови парламентарни избори, политичката стабилизација и избор на нова влада ќе и треба најмалку една година да завземе став по барањата на Македонија. За кои се покажа дека не постои ниту мала можност Бугарија или од страна на Европскиот совет да бидат прифатени.

Накусо, следи натамошно одлагање на почеток на преговорите за влез во ЕУ и дефинитивно одалечување на уште на неколку нови чекори од Албанија и Црна Гора за влез во ЕУ во 2028-2030 година.

Според второто, веројатно и единствено решение Македонија да може да се приклучи на двата кандидати за влез во ЕУ во 2028 година е за два три месеци Собранието да ги внесе Бугарите во Преамбулата на Уставот и согласно последниот заклучок на ЕУ без било какви други услови земјата да ги почне преговорите за влез во ЕУ. Во меѓувреме Бугарија ќе се спроведуваат парламентарните избори и ќе нема избрано нова Влада. Новоизбраната бугарска Влада, објективно не ќе може во првите неколку месеци евентуално да стави нов услов за продолжување на започнатите преговори. И да стави нов предлог за да ги блокира преговорите, позицијата на Македонија ќе биде битно поволно изменета од онаа во која е сега, без започнати преговори.

Ако евентуално Бугарија постави нов услов со обид да ги блокира започнатите преговори за него ќе одлучува исклучиво Европскиот совет, бидејќи тоа не е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, туку прашање на ЕУ за кое решение за продолжување на веќе запичнатите преговори одлучува Европскиот свет според усвоената Преговарачка рамка.

И не само земјата во тој случај во поповолна политичка положба ќе биде и Владата на ВМРО ДПМНЕ бидејќи ќе отпадне тврдењето на опозицијата дека ВМРО ДПМНЕ свесно го одлага почетокот на преговорите.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колујмна Тито Беличанец ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.