Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го издаде „последно предупредување“ до демонстрантите да го напуштат паркот Гези во Истанбул.
„Нашето трпение е при крај. Го давам моето предупредување за последен пат“, ја пренесува BBC неговата изјава.
Судири меѓу полицијата и демонстрантите во паркот и околниот плоштад Таксим траат веќе две недели.
Активистите рекоа дека нема да ја напушти паркот се додека владата не се откаже реконструкцијата.
Со порака до мајките и таковците да си ги приберат децата Ердоган рече дека не може веќе да чека, бидејќи паркот Гези не припаѓа на окупаторските сили, туку но на луѓето.
Турски адвокат изјави денеска дека демонстрант кој бил повреден во судирите со полицијата, починал во болница со што бројот на жртвите од двонеделните антивладини протести во Турција е пет луѓе.
Според авокатот, починало 26-годишно момче кое било неколку дена во кома откако било погодено во главата со гасна бомба со солзавец за време на протестите во Анкара на 1 јуни.