Според последните информации кои пристигнуваат од Кочани досега се изгорени четири семејни куќи, потврдува директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој за НоваТВ додаде дека во моментов во градот се мобилизирани повеќе од петстотини лица кои би се вклучиле во справување со огнената стихија.
-Вклучени се противпожарни екипи од околните градови, Штип, Делчево, Свети Николе… Исто така се испратени се и три противпожарни возила од Скопје, со 15 пожарникари. Од попладневните часови е добиена наредба да се приклучи и Армијата во помош за справување со пожарот. Свикано е телото за кризна состојба, вели Ангелов.
Тој го свикува и телото за проценка на кризи да оцени дали е потребно да се прогласи кризна состојба на дел од територијата или пак на целата територија на државата.
Според неофицијални информации, засега нема повредени лица во пожарите, а медицински екипи од здравствените установи во околните градови се мобилизираат во случај да има потреба за интервенција.