Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последниот ден на Заев пред реконструкцијата

25
By Биљана Секуловска on April 28, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Реконструкција на една Влада е многу важен проект за една држава, ако не сакате да ве засмејува нејзиното постоење. Дури и оваа реченица понудува потсмев, свесна е за тоа, но, така почнува секоја важна тема- со малку сарказам, а многу празни зборови.

Тоа Заев секако го знае, можеби и не го знае, којзнае сега кој што знае и дали има секогаш смисла да се знае нешто, барем што било.

Видете сега колку таа тема со реконструкцијата станува значајна, возбудливо е, копнежливо, откако веќе многу од тие министри, директори, високи и ниски функционери, почесни конзули, идни и сегашни, веќе се изживееаја, но не се откажуваат од тој нов живот, за нив сега единствениот можен.

Голем дел од нив беа неискусни, неквалификувани, некомпетентни, безначајни, ситни или крупни партиски фигури.

Поголемиот дел се стопија во општата согласност на драгата политичка култура, која ја опишуваат племенските врски, а тоа подразбира дека партиската книшка е најсигурната папочна врска, која мора да се следи беспоговорно.

Добија се- сјајни автмобили и услужни шофери, вмровски вкус на кабинети од кој им се лоши, наследството од удобноста на преголемата фотелја, за која не знаеја дека нејзината примарна функција била клацкалица.

Горе- долу, долу-горе, во полукруг за да се претвори во рингишпилски круг, премногу и пребрзо се свртува, ви се заматува и ех, каква непристојна завршница, трескате силно и летате преку прозорецот.

Добија се, а ништо од тоа не заслужија. Но, дали е навистина така во вистинскиот живот? Дали навистина се елиминираат најслабите, најнеспособните, највеличенствените полтрони, ништожниците, неработниците. Којзнае, многу ретко, скоро никогаш.

Така изгледа политиката- обично носи преголеми очекувања, изнесува огромни разочарувања, никој не се обложува во нејзината искреност, правичност, чест и чесност.

Само неколку луѓе со беспрекорни досиеја станаа министри во Владата на Заев-  таквите во принцип им служат на премиерите како трофеи , да ја замаскираат преголемата бучава која никој не ја поднесува од оние кои се нулата која мора да се преживее.

Политиката е измислена за да се наградат медиокритетите, дури и потпросечните, оние кои никој не знае дека постојат, дека се замрзнати, зациментирани во фотелјите, оние кои се расфрлаат јавно и арогантно со роднински врски, партиски удопства, тендери и малверзации, почесни конзулства. Кажете колку од министрите знаете дека постојат? Не им го знаете ниту името, ниту ликот, ниту отисокот кој ќе го остават, затоа што ништо од тоа немаат.

Ако сакате да имате сериозна влада, а во исто време ако сте опкружени со мнозинство на бледи и невидливи, морате само едно да сторите. Она што го направи Заев, затоа што е подготвен е за долг живот на Владата, со амбиција за лидер на регион, што му преостана друго, освен да игра на најдобрата карта. Да ги одбере и издвои  најспособните, врвните, без ниту една дамка во минатото, со сериозна историја зад себе, со изгледи за уште посериозна иднина- да не ги набројувам сега, и самите им ги знаете имињата.

Овие министри, би акцентирала дека се најпрво министерки (не мислам на оние без ресор, не знам ни како се викаат), а потоа следуваат неколку министри, значи ова малцинство од министри нема друга опција- освен да ја поднесуваат клацкалицата на голем дел од нивните колеги, чиј лик не препознаваме. На оние министри, директори, почесни конзули,  кои само се завалиле во фотелјите и заради политичката логика на премиерското калкулантство, ќе опстанат уште долго, неверојатно долго.

Се обложувам дека падот на Заев ќе му се случи заради нив. Дека првиот ден од падот ќе биде именувањето на Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија. И Заев се обложува во истата карта како и јас.

Таква е политиката, свесно самиот си пукате во слепоочницата, не ви е раката посегната по спасот, што ако е до вас. Апсурдот е што спасот ви се нуди без наплата и камата, ви прогледува низ прсти и ви ја влече раката за да ве растресе, но, но. Пиштолот има чудесен мирис, од таа замка ретко кој побегнал, конечно така паѓаат многу премиери, така и пропаѓаат многу големи идеи.

Оние- неработниците, некомпетентените, неквалификуваните, неспособните, полтроните- како и поинаку би опстанале, доколку нема некаква рамнотежа со најдобрите, се прашува дури и самиот Заев.

Но, тоа не е воопшто никаков баланс, ако сакате сериозно да ве сфати некој. Но, кој сега и тоа ќе го мери и премерува, иако е немерливо, иако е беспредметно за вагање и надмудрување.

Заев знае дека времето сите не гази, а времето не секогаш е принципиелно- знае само за граници, да, но и едвај видливи линии на толеранција, нему затоа и само му се доволни пристојни краеви после лошите почетоци.

Тешките чекори самиот Заев си ги создаде, сега мора да им ги разгледува фотелјите и а решава да ги стесне на оние кои ќе преживеат, благодарејќи на најдобрите.  Некогаш можеби и  самите ќе се превртат, без ничија интервенција, а можеби и не, но, што е тоа важно во политиката, немојте да бидеме наивни.  Така изгледа последниот ден пред реконструкцијата на Владата на Заев, токму така, и никако поинаку.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.