Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последниот штекер на Заев

0
By Биљана Секуловска on September 23, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот слоган за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ е “Нова ера”,  таа ера која се пропагира со Груевски и неговиот ист, стар, нам добро познат тим, буди особени чувства и носталгија за годините, деценијата помината во груевизмот.

Затоа и немало потреба да се лута во парадокси- новата ера е невозможна со стариот Груевски, што нам се разбира дека ни е сеедно, не може да не спречи да гласаме повторно  за него, и тој наш потег нема да може и нема да дозволиме да биде опструиран од новата власт.

Видете, во човечката природа е вродено да се биде малтретиран, понижуван, злоупотребуван, манипулиран, изгладнуван, да се родите како скот и, какво олеснување, да умрете како уште поголем скот.

Така размислуваше Груевски, така и сите негови луѓе, така и мораше сите да живеат.

Таа животна траекторија ни беше определена, не смееше да постои тој механизам на одбрана- за борба за поинаков, достоинствен живот, сето тоа ни беше всадено изминатата деценија под груевизмот.

Кажете ми една добра причина зошто Заев би ни го скратил  единственото нешто што сме го добиле, негувале, тоа, нешто е единственото што знаеме да го живееме- груевизмот.

Тоа расцветало, созревало, се создала една пифтиеста смеса, нешто како желатин, лигав, течен, одвратен, но тој ни се залепил насекаде, целото тело ни се обвиткало, така живеевме деценија.

Така и сме биле сопрени од нов, каков било чекор, не можевме да мрднеме, да подадеме рака, да зграпчиме нечија друга рака, да не извлече, да се ослободиме, да побегнеме.

Никогаш немаше друга рака, поинаква, чиста, тоа беше таква ера- извалкани и во состојба на конзервиран црв беа сите, се погледнувавме, лазевме, се прпелкавме да ја соблечеме новата кожа, но таа мизерија низ која поминувавме беше нашето единствено знаење за животот.

Бевме како уметникот на Кафка, гладниот уметник, кој затворен во кафез ја изведува претставата на својот живот- да се гладува, затоа што и нема поинаков излез, затоа што и онака депресијата ги голта сите кога се надвор, затоа што кафезот нуди заштита, смрт која се чека со радост, затоа што најмачниот дел од животот е што мора да се живее со цел да се умре.

Само така не сакаше Груевски и само така можевме со него и, каква чесност и искреност од него- со гадење тој додава- и јас со вас.

Заев и неговите министри, вице-премиери, генерални и други секретари, директори, шефови и портпароли, сета таа мастoдонтска служба за односи со јавност, значи поголемиот дел од овие луѓе кои ги наброив, ја имаа истата леплива, одвратна смеса низ телото, истата како нашата, таа беше завиткана и по органите, се прелеваше врз нас и ни го трасираше патот, додека се движевме сантиметар по сантиметар низ годините, со тешкотија и мачнина за да дојдеме некаде тука, каде сега сите заедно ја вадиме, ја стругаме, рибаме, корнеме.

Заев мора да знае дека сме на раб од кој нема враќање, да, мислам дека тој тоа го знае, многу добро, многу повеќе отколку што еден лидер би можел да знае.

Во таа состојба во која сме сега ние, а за која тој е свесен, не постојат многу шанси за простување. Непотизам, корупција и криминал. Тој знае дека тоа  не се шансите за кои говорам.

Претпоставувам дека кога сите ќе си отидат дома од Илинденска, генералниот секретар, сите оние вице-премиери, министри со ресори и без таква чест, шефови, директори, армијата службеници за односи со јавност, последен кој ги гаси светлата е премиерот Заев.

Пред да го допре последниот штекер, тој се свртува наоколу, замислено гледа, ги подзатвора очите, се подисправа, стаписано бара очила, затоа што дури и оние кои добро гледаат, секогаш не докрај го гледаат она што е пред нив, дури и кога френетично бараат некој да им укаже, да им помогне да прогледаат.

Но, дури и без очилата, знаци на некаква сенка секако дека можеме да распознаеме, доколку не надвисне, за да не можеме да ја избегнеме.

Тоа е духот на Груевски, секако дека е неговиот, тој дух сега живее таму вечно, во белата гротескна зграда наречена Влада, тој сега таму стои како плашило, но стои, не мрда, не сака да си оди, што е добро, што не велам дека не е добро.

Заев ја има таа среќа што Груевски се закотвил  таму за предупредување, за да му е јасно дека е вечен, таа опасност од криминал, корупција и непотизам секако дека е вечна како што постои политиката.

Затоа е важно Груевски да остане таму, да не мрда, да не помислува да замине. Заев секако дека има сила да го истера ако ги повика чуварите и обезбедувањето, да го пријави дури може и кај Оливер Спасовски, сега секакви идеи му се мотаат, дури и најлудата, да го ангажира генералниот секретар, научник за кој се говори дека се граничи со генијалност,  Драги Рашковски, да направи магионичарски трик, тој секако дека тоа го знае, да го снема духот на Груевски.

Но, ако тој тоа го стори, ако спасот го побара во таа ингениозна коперфилдска идеја, потпомогната од Рашковски, ние ќе станеме повторно изгубени, лепливата смеса пак ќе се врати, нема никогаш ни да ни се оформат некакви крлушки, со кои ќе се браниме од сите идни стапици во кои ќе влегуваат сите идни политичари.

Затоа, Заев нека не го допира последниот штекер. Нека гори една сијалица, за која треба да се грижи лично Рашковски, како негов близок соработник и се говори и дека му е и пријател, полн со изненадувачки идеи за тоа како се води политика и тоа во Влада  со која раководи Заев.

Тие идеи за тоа како се води држава ние не ги очекувавме, тој безгрижен непотизам не удри директно во стомакот, потполно ни е јасно дека тие не знаат дека занемевме, дека ова не е тој пат кој сите заедно го одбравме.

Тој штекер кој не смее да се исклучи Заев, таа сијалица која сега остана да гори, таа јасно ќе ги покажува контурите на Груевски, за да се сети и тој, и Заев, и сите оние вице-премиери, министри со и без ресор, шефови и директори, онаа војска за односи со јавност, неговиот генерален секретар.

Да се сетат дека споменот на Груевски е најужасниот, и затоа треба да им биде најважниот потсетник- колку власта може да стане расипана како одминува времето, без воопшто да стане свесна за тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.