Медијаторот Метју Нимиц денеска во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, соопшти грчкото МНР.
Засега нема официјални информации дали Нимиц ќе има средби и со други претставници на грчкиот државен врв.
Медијаторот на ОН во грчко-македонскиот спор околу името вчера во Скопје се сретна со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и новиот македонски преговарач, американскиот амбасадор Васко Наумовски.
Тој за медиумите во Македонија изјави дека нов предлог околу спорот нема.
„Статус кво е статус кво додека нема некоја промена. Јас не донесов нов предлог, нити, пак, ми беше претставена некоја суштински нова позиција од страна на владата, но имавме суштински разговори со владата и разговорите навистина беа конструктивни“, рече Нимиц во Скопје.