Зоран Иванов
Македонија врие од национализам.
Врие до степен на шовинизам.
Го има на ској чекор.
Го има исто како што ја има и корупцијата.
И таа вирее и вирее во секоја државна институциска клетка.
Од шалтер, преку наставничка оценка и професорска катедра до операциска сала и судска палата па натаму до државен и до оштински тендер и обратно.
Национализмот и корупцијата се двете зла. Двете поткопувачки состојби на македонската тридецениска транзиција која трае и трае и тр…
Зла кои се лизгаат од државниот врв па надолу преку бизнис компаниите, универзитетите, школите, невладините, посебно во тие декларирани за, демек, космополитизам, па сеʼ до домовите, до семејствата, до децата.
Се протегаат од оваа бедна сегашност па натаму до иднината.
И ако од сега па натаму, факторите општествени, интелектуални, професорски и главно непартиски, не се подразбудат и ако не најдат и не наметнат некаква средина со некаков етно компромис за унитарноста и за граѓанските еднаквости, и ако не запнат за некакви регуларни институцонални ама драконски постапка за корупционерите и за корумпираните, тогаш …
Тогаш, не за долго, од државата Македонија ќе се простиме.
И ќе се простите сите и сите ќе бидеме и сите ќе бидете или во егзил или во трауми!
Па …, па како сакате.




