Министерот за транспорт и врски, Благој Бочарвски изјави дека превозникот „Беса транс“ доставил уредна документација и добил лиценца за превоз на патници. Превозникот ги исполнил условите и до овој момент има уредна лиценца. За опожареното возило Бочварски кажа дека го нема во електронската база на министерството. Фирмата превозник е должна да го пријави во рок од 15 дена.
Против превозникот е покрената постапка за одземање на лиценцата за работа, а дополнително ќе биде испратена инспекција од Државниот инспекторат за транспорт за работењето на „Беса транс“.