НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постапката за екстрадација на првоосомничениот за убиството на Вања и Панче во тек, останатите осомничени во 30-дневен притвор

0
By Blerina Tahiri on December 7, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постапката за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски започна вчера, откако Министерството за правда побара од надлежните турски власти тој да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Тој во вторникот беше уапсен во Турција, а останатите четворица осомничени, кои претходно беа приведени, веќе се во 30 дневен притвор.

Во 48-часовен притвор е и возачот кој се сомничи дека му помогнал на Палевски да пребегне во Турција, а вчера на распит во полициска станица беше и адвокатот Васко Стојков, со кого Палевски замина во Белград.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. За нивното убиство, покрај Палевски, се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

Според Обвинителството, Палевски, Манев, Кешишов и Видевски, четворица како соизвршители сториле две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен, таткото на Вања, им помогнал при извршување на кривичното дело грабнување на малолетно лице.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера го изготви Барањето за екстрадиција на Палевски од Турција.

Министерството за правда претходно информираше дека постапката за екстрадиција е започната и дека побарале од надлежните турски власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Во неа, како што појаснија од Министерството, треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција и сите документи да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција), по што барањето се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ).

Во меѓувреме на социјалните мрежи е креирана и група, која во моментот брои над 100 членови, која бара правда за Палчо.

Во групата насловена како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панчо, правда за Македонија“, членовите изнесуваат теории на заговор дека случајот е монтиран, со цел Палчо да се тргне од политичката сцена. Во нивните теории на заговор, радикалните десничари сметаат дека случајот е смислен од УДБА, ЦИА и НАТО за „заплашување на македонскиот порив за родољубие и за одбрана на канонската чистина на православието“.

Министерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата на која го обелодени апсењето на првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо во Турција во вторник истакна дека мирот и стабилноста во државата никој не може да ги загрозува и дека партијата на Палевски мора да биде дерегистрирана.

– Вакво криминално гнездо како што е направено, мора да се разбие до крај. И такви политички партии кои со, не знам какви проминенции тоа го прават, како што е оваа, таа мора да биде дерегистрирана, рече Спасовски.

Шефот на државата Стево Пендаровски вчера истакна дека водењето на политика, која поттикнува етничка омраза е опасно, особено за мултиетничка држава како Северна Македонија, а особено лоша пракса е на трагедиите, како последната со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да им се дава етничка конотација и на жртвите, но и на сторителите.

На маргините на Отворениот форум за антикорупција, одговарајќи на новинарски прашања да даде порака до јавноста, Пендаровски рече дека станува збор за трагедија во која животот го губат двајца наши сограѓани, а за оние кои шират говор на омраза и поттикнуваат етничка толеранција рече дека апелите не допираат до нивната свест и оти е потребно правната држава да ги преземе неопходните чекори во таа смисла.

Последниот трагичен настан, според Пендаровски, е трагедија за двајца наши сограѓани, но и  осомничените, како што рече, засега се само обвинети и потребно е да се почитува пресумпцијата на невиноста, односно да се почека исходот од судската постапка.

– Меѓутоа особено првообвинетиот, е познат по таквата реторика, со говор на омраза децении наназад и никој ништо не му направил. Значи тој беше во политиката. Политиките на неговата партија низ негова уста сееја само омраза кон одредени етнички заедници кои живеат во Македонија. Значи не ме чуди дека на таква реторика, која претходеше на злосторот, сега се одговараат други со слична структура, политичари или јавни личности сеедно или луѓе активни на социјалните мрежи, кои само го продолжуваат тоа што тој го правеше со години, а системот за жал не реагираше, рече Пендаровски.

Премиерот Ковачевски вчера во Брисел оцени дека регионалната и меѓународната соработка е клучна за напредок и дека тоа особено се покажало при успешното расчистување на грозоморното двојно убиство што ја потресе Северна Македонија, регионот, но и меѓународната јавност.

Тој упати благодарност за успешната партнерска соработка до Турција, Србија и Бугарија, преку чии територии се движел осомничениот, како и до Хрватска, која самоиницијативно изврши проверка на нејзината територија и ги извести партнерските служби со земјава и за досегашната одлична соработка во рамки на ИНТЕРПОЛ.

По екстрадацијата, се очекува Палевски да биде спроведен пред органите кои ја водат истражната постапка, а Јавното обвинителство денеска треба да ја соопшти и одлуката во врска со потенцијално продолжување на мерката притвор за 46-годишниот скопјанец С.Д. одреден поради сомневање дека му помогнал на Палевски да избега во Турција. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.