Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постхумно ќе биде објавена последната збирка поезија на Игор Исаковски

0
By Нова ТВ on September 16, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Културната установа „Блесок“ ќе ја промовира книгата поезија „Дека да“ на Игор Исаковски на 19.септември, од 21 часот, во МКЦ Клуб ресторанот.

На роденденот на Игор, песни од последната збирка која тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јаниќиевиќ, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски.

„Книжевното дело ’Дека да‘ е единаесеттата збирка поезија, а седумнаесетта објавена книга на авторот за кој верувам дека не е само предводник на мојата генерација македонски автори, туку и нејзина своевидна метафора. Неговото творештво, неговите ставови, неговиот начин на живеење и работење и неговата севкупна личност, во себе ги носат сите тегоби и парадокси на генерацијата која го преживува битништвото на бескрајната македонска транзиција. Игор во секој поглед го одликува забревтаноста на товарниот воз кој постојано ита, натоварен, а жеден за брзината која ќе го ослободи, силно, гневно и жестоко влечејќи го товарот на минатото кон некоја неизвесна иднина“, напиша Елизабета Баковска.

Игор Исаковски (1970-2014) е македонски поет, писател и преведувач. Беше основач и директор на културната установа „Блесок“, каде беше главен и одговорен уредник. Позади себе остави 17 книжевни дела и огромен број преводи и изданија на автори од целиот свет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.