Веб сајтот на Државната изборната комисија, каде што треба да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори постојано паѓа, што не е воопшто преседан за оваа институција.
На rezultati.sec.mk јавува грешка со серверот на веб сајтот.
Од 2006 година до минатите избори сајтот на ДИК го одржуваше „Ај Воут“, а оваа година јавната набавка ја доби „Дуна“.