Зоран Иванов
Урбана мафија па урбана мафија.
Нема урбана мафија.
Нема.
Има само политичка мафија.
Само институциска мафија.
Само функционерска.
Таа ги крои плановите, таа ги црта и доцртува дуповите.
Таа ги потпишува, таа ги одобрува, таа го забива печатот.
Таа, политичката, функционерската мафија, таа ги дава дозволите и таа го креира урбаниот криминал.
И тендерскиот и правосудниот и клиентелистичкиот и тој со дипломите и …
Таа.
Политичко партиската мафија на која на избори им го даваме потписот и печатот за легализирање на криминалот.
За урбаниот и за сиот друг.
Таа.
Си ја гласаме ние.
Си ја негуваме и си ја репродуцираме редовно и посветено.
Ние граѓаните гласачи.
Ние.
Па излегува дека мафијата сме и ние граѓание гласачи.
Исто и тие кои не гласале и кои не гласаат.
И тие комформистите.
Нив па ептен уво не ги боли за криминалите, за корупциите, за системот и државата.
Тие не си играат избори.
Си гледаат сеир и си мрмкаат по социјалните мрежи.
Ептен им е фино, комотно, релаксирано.
Ниту гласаат за некого, ниту гласаат за нешто, ниту лук јаделе нитул на лук мирисале.
А всушност, и тие негласачите, исто како и ние гласачите, сме активните учесници во институционализирањето на македонската политичко функционерска мафија.
Сите топтан.
Затоа, ако воопшто е некаков лек, избори, листи отворени, самокандидирања, дигнитети па …
Па барем обид до некаде мафијата да се деинстутуционализира и да си се смести каде што и е местото.
Барем обид, од државните кабинети мафијата да си се смеси назад во подземјето.
Заслужува и таа, нашата, да си го заседне местото какво што го имаат мафиите од понормалниот свет.




