Видеата се објавуваат секој понеделник на нивниот „youtube“ канал, како и на останатите социјални мрежи.
– Огромен број на луѓе загинуваат на своето работно место. Оставаат зади себе завиени во црно-деца, сопружници, цели семејства. Не сакаме да стоиме немо пред ова. Затоа ги отвораме и прашањата, поврзани со трудот воопшто, велат од Здружението.
Тема на вчерашната емисија е: Koмпензација на трудот, човековата работна средина и влијанието врз другите, кои се или кои треба да бидат мерилата за компензација на трудот?, платите како еден од стандардите за достоинствен живот и дали во Македонија платите овозможуваат достоинствен живот.

