Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпишан „Кодекс на однесување за слободни и фер избори“

0
By Нова ТВ on March 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатите за градоначалници на градот Скопје и кандидатите за скопските општини потпишаа „Кодекс на однесување за слободни и фер избори“, организиран од Институтот за парламентарна демократија и Националниот демократски институт.

Во Кодексот стои:

– Сите партии, кандидати и членови се со еднаква одговорност пред сите закони, правила и прописи на Република Македонија. Тие ќе го осудуваат јавно и постојано, секој чин на насилство и заплашување од чија било страна. Ќе го преземаат секој можен чекор за елиминирање на сите форми на изборен фалсификат пред, за време и по денот на изборите.

– Целосно ќе ги почитуваат законските прописи за трошоците поврзани со нивните кампањи и ќе ги објават своите жиро – сметки во согласност со овие прописи.

За кандидатот на „Сојузот на иднината“ за град Скопје, Јани Макрадули, ова е симболика која изразува надеж дека ќе премине во пракса, затоа што според него исклучително важно е гласот на граѓанинот да вреди и секој граѓанин слободно да ја изрази својата волја.

„Сведоци сме секојдневно дека владините министри преку ден се во функција на локалните избори, а тоа самото говори дека овој Кодекс е добра војла, што сакаме да направиме.

– Верувам дека по потпишувањето, користењето на јавни фондови и ресурси, службени возила, нема да отвораат развојни проекти за време на кампањата, ќе бидат минато и со своите програми и деи ќе се натпреваруваме пред граѓаните на Скопје“, изјави Макрадули.

За актуелниот градоначалник на Скопје, и кандидат за нареден мандат од ВМРО – ДПМНЕ, Коце Трајановски, потпишувањето на Кодексот е позитивен чин и за самите кандидати за да нема, како што рече „непристојни обвинувања и да постои добар амбиент на овие локални избори во Република Македонија“.

„Да се овозможи еден човек – еден глас односно волјата на граѓаните да не се злоупотербува. Досега сме покажале дека можеме на фер и демократски начин да ги водиме изборите“, изјави по потпишувањето Трајановски.

Кодексот го потпишаа и кандидатите за градоначалници од ДПА, меѓу кои и кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Мухамед Тачи кој потенцира дека ДПА секогаш била за фер и демократски избори

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.