Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар со состана со претставници на „тројката“ во БиХ. „Тројката“ ја сочинуваат претставници на партиите „Народ и правда“, Социјалдемократската партија на БиХ и „Наша партија“.
Тие се состанале во резиденцијата на американскиот амбасадор во БиХ, Мајкл Марфи.
„Фокусот на реформа на здравиот разум е поважен од било кога. Мило ми е што разговарав со претставници на „Народ и правда“, на „Наша партија“ и на Социјалдемократската партијата на БиХ и за тоа како го унапредуваат Кантонот Сараево“, наведе Ескобар на Твитер профил на Амбасадата на САД во БиХ, објавувајќи и фотографија со претставници на трите партии.